ПравдаСветот на работникот

Гласен Текстилец:Го поздравуваме чесниот пристап на инспекторите

Гласен Текстилец: Најважна е соработката меѓу граѓанските организации и институциите.

Уште една успешна соработка на Гласен Текстилец и Државниот инспекторат за труд.
Според нив, оваа соработка се покажува преку примери.
Во случајов, по поднесена преставка од наша страна до Државен трудов инспекторат ПЕ Охрид, инспектор од Дит направи инспекциски надзор во конфекција ЕМ-ТЕКС ИНТ ДООЕЛ Охрид, велат од Здружението и додаваат:
При инспекцискиот надзор пронајдени се повеќе прекршувања на работничките права. За 30 работници констатирано е дека поради прекувремената работа, освен додаток за плата за прекувремената работа, им следува и бонус од една просечна плата.
Дадена е инспекциска мерка Опомена и да се исплати бонус платата во рок од 15 дена.
Инспекцијата утврдила и незаконски задршки на плата за недоволна реализација (норма). Поради тоа инспекторот наложил да се донесе акт. Со тоа на работодавачот му дал рок од 15 дена да ја поништи одлуката. Со тоа и да им ги исплати задршките на работниците.
Во однос на наводите на Гласен Текстилец за неисплатен регрес за годишен домор, инспекторот наложил истиот да се исплати во рок од 15 дена.
Овој пример и многу други со трудовиот инспекторат се многу важни за враќање на довербата на граѓаните, велат од Здружението.
Од таму ја поздравуваат добрата работа и чесниот пристап на инспекторите. Изразија надеж дека ќе бидат пример и за останатите институции на една правна држава.
Бескомпромисна борба против прекршувањата на работничките права е единствениот начин за да ги спречиме ваквите појави, порачаа од „Гласен Текстилец“.
Здружението има бројни сорабтки со ДИТ
Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ е една од најактивните граѓански организации. Нивниот домен е заштита на работничките права. Најмногу се активни во Штип, но и во другите градови. Примарна гранка им текстилната, но се борат и за правата на работниците од другите сектори во државата.
Досега имаат објавено голем број на Фејсбук статуси за успешната соработка со Државниот инспекторат за труд.

А и според реакциите на работнците на нивната Фејсбук страна, може да се заклучи дека им имаат помогнато на голем дел од нив, особено во приватниот сектор.

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk