Еве кога е време да се запрашаш дали треба да најдеш нова работа
Голем број на работници сѐ повеќе се подготвени да се откажат од своите работни позции поради тоа што не им нудат можност за раст.
Според Извештајот на ADP, „Луѓето на работа 2025“, стагнирањето во кариерата е силен тригер за луѓето да започнат да бараат нова работа. Од работниците кои сметаат дека имаат малку можности за раст на нивните сегашни работни места, повеќе од половина (34 %) рекле дека активно бараат нова работа.
За ова разговаравме и во интервјуто со советникот за кариерни транзиции, Билјана Кузмановска Тасетовиќ.
Нашата соговрничка рече дека откажувањето од нешто во што сме вложувале со години не е воопшто лесно и не се случува без страв или дилеми. Сепак, во одреден момент добро е секој од нас да застане и да се запраша дали работното место навистина му овозможува да расте.
„Кога одговорот е не, кога секој ден се чувствуваме преплавени со обврски, без радост и без чувство на напредок, тоа е сигнал дека е време за промена“, рече Кузмановска Тасетовиќ.
Целото интервју можете да го прочитатате на следниот линк:

