ЕкономијаМакедонија

Заврши годишното оданочување на граѓаните за 2025 година, пријавени над 612 милијарди денари оданочив доход

За 2025 година, Управата за јавни приходи генерираше 863.100 Годишни даночни пријави (ГДП) кои се достапни преку системот е-Даночни услуги https://e-ujp.ujp.gov.mk. Од нив, 704.443 се достапни на корисничките профили во системот е-Даночни услуги, додека останатите се однесуваат на лица кои сè уште немаат регистриран кориснички профил на порталот и не можат да извршат увид во ГДП, со цел да ги проверат податоците и да го преземат налогот за плаќање.

За таа цел, УЈП ги повикува сите физички лица кои сè уште немаат кориснички профил на е-Даночни услуги, веднаш да се регистрираат на https://e-ujp.ujp.gov.mk. Увидот во вашата пријава е ваше право и ваша одговорност — само преку системот можете да проверите дали имате обврска за доплата или побарување за поврат на данок.

Од вкупно 704.443 ГДП пријави, 26.653 пријави се потврдени лично од даночните обврзници, а 1.145 пријави се коригирани од нивна страна, по кои корекции службени лица во УЈП тековно одлучуваат. Останатите 676.645 пријави се потврдени службено од страна на УЈП. Овој податок укажува дека значителен број граѓани не извршиле увид и не ја потврдиле лично својата пријава. Иако службеното потврдување е законски предвидена можност, тоа значи дека даночниот обврзник не ги проверил податоците и не се произнел по нив.

Пријавата генерирана од УЈП се темели на податоците доставени од исплатувачите. Доколку некои приходи не се евидентирани или се евидентирани погрешно, граѓанинот може да го забележи тоа, но само ако ја прегледа пријавата. Непроверената и службено потврдена пријава може да резултира со ненавремено откривање на грешки, неточни износи и дополнителни обврски.

Согласно податоците структурата на вкупно доставените 704.443 Годишни даночни пријави за 2025 година на профилите на корисниците е следната:

Статус на пријавата            Број пријави         Вкупен износ (денари)

Пријави со износ за доплата           208.857 208.984.603

Пријави со побарување (повеќе платен данок)        313.519 53.910.496

Пријави без разлика (износ нула) 182.067 0

Поголемиот број пријави (313.519) покажува дека граѓаните имаат повеќе платен данок, додека 208.857 граѓани имаат обврска за доплата. Речиси 182.000 пријави покажуваат дека данокот бил пресметан и наплатен точно во текот на годината без потреба за доплата или поврат. Од обврзниците кои имаат повеќе платен данок, 617 обврзници искажале барање за враќање на повеќе платениот данок во износ од 32.397.022 денари.

Вкупниот пријавен доход утврден во ГДП за 2025 година изнесува 612.866.663.282 денари, а вкупно пресметаниот данок на личен доход (ДЛД) изнесува 39.817.189.183 денари. За споредба, вкупно пријавениот доход утврден во ГДП за 2024 година изнесувал 538.741.195.257 денари, додека вкупно пресметаниот данок на личен доход изнесувал 34.960.971.215 денари. Од тоа се согледува дека вкупниот пријавен доход во ГДП за 2025 година е зголемен за 74,1 милијарда денари, а пресметаниот данок на личен доход за 4,86 милијарди денари во однос на 2024 година.

Преглед по видови доход за 2025:

Вид доход                    Пријавен доход (денари)         Пресметан ДЛД (денари)

Приходи од работен однос             458.565.247.240     28.463.107.548

Приходи од самостојна дејност     5.513.378.723          496.533.842

Приходи од авторски права            4.709.164.832        347.095.921

Доход од закуп и подзакуп             9.838.356.067        872.695.622

Приходи од капитал          24.569.919.814                 2.446.237.025

Приходи од капитални добивки    1.946.467.105          177.056.905

Добивки од игри на среќа               11.111.165.518    1.402.777.052

Друг доход           9.552.034.803                                861.927.673

Доход од продажба на сопствени земјоделски производи  22.301.002.183   437.398.551

Доход од Осигурување    1.035.805.049                           99.719.484

Доход од права од индустриска сопственост            61.857.174           5.588.144