Заев: Од 1 јануари недела станува неработен ден
И премиерот во заминување Зоран Заев се огласи на Фејсбук по повод носењето на законското решение за недела неработен ден.
„Од 1 јануари 2022 година недела станува ден на неделен одмор и со тоа правиме уште еден исчекор кон унапредување на работничките права и социјалната правда. 
Со 62 гласа „за“ и ниту еден „против“, пратениците во Собранието на Северна Македонија ги усвоија измените на Законот за работни односи, со кои недела станува ден на неделен одмор.
Новиот закон предвидува:
Со ова законско решение се овозможува воспоставување рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот живот на работникот. Оваа рамнотежа придонесува работникот да биде поефикасен и помотивиран на работното место, а од друга страна да има и приватен живот – семеен и социјален, што ги задоволува неговите потреби и потребите на неговите блиски.
Им честитам на сите работнички и работници. Вие сте столбот на нашата економија и движечка сила на државата“, напиша Заев на фејсбук.

