ЗанимливостиСветот на работникот

Има ли вашиот датум на раѓање некаква врска со вашата кариера?

Одмарате, пиете кафе или го јадете вашиот омилен десерт, и додека ги прелистувате весниците или сурфате по интернет, веројатно како и многу од луѓето, ве интересира „што има хороскопот да каже“.

Без разлика дали верувате во него или не, многу луѓе се забавуваат читајќи одредени тврдења или предвидувања, патем проверувајќи колку слични црти на личноста имаат со останатите, родените во истиот знак.

Знаете ли што е Фореров ефект? Тој поим претставува тенденција некои тврдења да ги проценуваме како „искучително точни и вистинити за нас лично“, иако тие можат да се однесуваат на голем број луѓе.

Порталот Пинквил неодамна објавил интересна статија за корелацијата на жените и бизниост, односно кариерата, на основа на нивниот датум на раѓање т.е. хороскопскиот знак. Проверете дали припаѓате на овој „шаблон“.

Овен

Жените родени во овој знак (21 март – 20 април) „би требало“ да се енергични, топли, ентузијастични и полни со самодоверба. Идеалните професии се: претприемачи, спасувачи, работа во продавница или занимавање со политика, на пример, министри во влада.

Бик

Жените родени во овој знак (21 април – 21 мај) наводно се упорни, реални, организирани и одлучни. Тие лесно ги бираат следните занимања: право и сметководство, инженерство, јавен говор, планирање на венчавки, работа на рецепција.

Близнаци

Дали сте „типичен“ близнак? (22 мај – 21 јуни). Овие жени ги одликуваат предностите како: интелегенција, мудрост, љубопитност. Професиите со кои најмногу се бават се: односи со јавност, туризам, маркетинг, а неретко се и наставнички.

Рак

Жените родени во овој знак (22 јуни – 22 јули) важат за великодушни, грижливи, но и чувствителни. Можеби најдобрите деловни опкружувања за нив се: социјална работа, човечки ресурси, психологија, медицина.

Dve devojke, psihoterapija, psiholog, psihijatar

Фото: Shutterstock

Лав

Ако сте родени во период од 23 јули до 22 август, идеални професии/функции за вас би биле: управување, извршен директор, агент за недвижности, политичар. „Лавиците“ се шармантни, весели, амбициозни и креативни, барем според пишувањето на порталот Пинквил.

Девица

Жените родени во овој знак (23 август – 22 септември) „би требало“ да се практични, аналитични, вредни, многу добро организирани. Со еден збор – перфекционистки. Идеални професии за нив се: писател, уредник, наставник, критичар, дизјнер.

Вага

Жените родени во овој знак (23 септември – 23 октовмри) се, наводоно, социјални, шармантни и елегантни и избираат професии од областа на организацијата, туризмот, архитектурата.

Turisti turizam fotoaparat

Фото: Shutterstock

Шкорпија

Дали се пронаоѓате во особините кои го одликуваат овој знак? (24 октовмри – 22 ноември). Тоа се сила, снаодливост, интелегенција, одлично познавање на човечкиот ум. Жените родени во овој знак неретко бираат да бидат адвокати, научници, лекари.

Стрелец

Ако сте родени во периодот помеѓу 23 ноември до 21 декеври, можеби ги поседувате овие одлики: лежерност, активност, радосен дух. Идеални професионални опции: уредник, односи со јавност, работа во хотелиерство.

Јарец

Жените родени во овој знак (22 декември – 20 јануари) по правило се амбициозни, одговорни, проникливи, упорни и рационални. „Родени се“ да бидат: банкари, уредници, администратори.

Ljubav posao

Фото: Shutterstock

Водолија

Станува збор за хороскопски знак (21 јануари – 19 февруари) кој го карактеризират великодушност, љубопиитност, креативност, но и тврдоглавост. Жените водолии се сколни да бидаат професии поврзани со наука, иновации, музика.

Риби

Жените родени во овој знак (20 февруари – 20 март) важат за мудри, креативни, страствени, сочуствителни, или со еден збор – тие се уметнички во душата. Токму со уметност се бават најмногу, но бираат и професии како психолози или социјални работници.

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Shutterstock