„Имаме одлична соработка со Синдикатот на полиција во Македонија“
Следува интервју со потпретседателот на Независниот синдикат на полицијата на Црна Гора, Џорџије Вукичевиќ:
Кои се најголемите проблеми со кои се соочува синдикатот?
Јас детектирав два проблеми:
Првиот е како да се мотивираат луѓето т.е. да се разбуди желбата кај нив за да се борат за своја подобра иднина и за своите права. Тоа особено се однесува на младите колеги кои потребата за синдикат ја увидуваат дури кога ќе настане проблем и доцна сфаќаат колку е важно синдикалното здружување и синдикалната заштита.
Вториот проблем е што луѓето кои раководат со секторот безбедност, особено политичарите, не се спремни да ги прифатат советите на синдикатите т.е. луѓето кои целиот свој живот се во униформа.
Каква е вашата соработка со Синдикатот на полиција во Македонија? Како би ја опишале?
Соработката со Синдикатот на полиција во Македонија е одлична. Остваривме квалитетна и конструктивна соработка, разменуваме искуства и мислења, а тоа е многу полесно кога знаеме дека нашите цели се исти. Мило ми е што синдикатите се поврзуваат од Вардар па до Триглав и од Џердап па до Јадран што на сите нас, партнерски синдикати, ни дава нова сила во борбата за работнички права, бидејќи знаеме дека на тој тежок пат не чекориме сами.
Што би им порачале на македонските припадници на Министерството за внатрешни работи?
На македонските припадници на Министерството за внатрешни работи би им порачал да бидат горди на униформата и грбот што ги носат, да бидат горди што имаат прилика да ја обавуваат оваа чесна должност, бидејќи нема ништо посвето од служењето на својата татковина. Второ, би им порачал уште во поголем број да се организираат во синдикат, бидејќи на таков начин на синдикатот му даваат поголема сила во борбата за нивните права. И секако добро да ги отворат очите и да донесат паметна одлука на кој синдикат ќе се придружат. Добро погледнете кој се бори за вас, кој има храброст да ве застапува и кој ги има најдобрите идеи.

