Како да напишете приговор до работодавачот во кој барате да отстрани кршење на ваше право или пак да исполни своја oбврска?
Како да напишете приговор до работодавачот во кој барате да отстрани кршење на ваше право или пак да исполни своја oбврска?
Законот за работни односи предвидува дека работниците имаат право да бараат обезбедување на нивните права од страна на работодавачот како и право да бараат судска заштита пред надлежните судови. Доколку работникот примил oдредена одлука од страна на работодавачот со која не е задоволен, против таа писмена одлука на работодавачот, работникот има право да поднесе приговор односно писмено барање. Тоа е прилично едноставен документ кој работникот може и самостојно да го изготви.
Следните податоци задолжително треба да бидат наведени во приговорот:
• вашите лични податоци;
• податоци на работодавачот (бидејќи се обраќате до него);
• наведете ја одлуката против која го поднесувате приговорот, односно причината поради која го поднесувате барањето;
• образложете ги причините поради кои го поднесувате приговорот односно барањето;
• предлог да се поништи или укине одлуката (во случај на приговор);
• задолжително ставете датум, место, име и презиме и своерачен потпис.
Тоа што е од исклучително значење е да се посвети должно внимание на роковите кои се однесуваат на поднесувањето приговор, со цел да не се испуштат истите и да се доведете во понеповолна ситуација.
Тимот на Јуридика

