ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Колку македонските работници со минимална плата, ќе можат да си дозволат греење на домовите?

Бобан Илијевски
 
Во Македонија борбата со сиромаштијата на работниците е присутна од осамостојувањето, надополнувајќи дека според последните податоци на Државниот завод за статистика цените на произодите се во постојан раст, додека платите не растат како резултат на забавената економска активност, главно како последица на кризата предизвикана од пандемијата на Ковид – 19. 
 
Работниците со минимална плата во земјите на ЕУ не можат да си дозволат греење дома, а што е со македонските работници кои земаат минимална плата? Со ова прашање, Асоцијацијата за правно – економски истражувања и едукација „Јуридика“ го започнува Фејсбук статусот. 
 
Од Јурудика повикувајќи се на податоците на Европската Конфедерација на синдикати велат дека ниските (минималните плати) во земјите членки на ЕУ значат сиромшатија за околу 3 милиони работници во Унијата, надоплнувајќи дека овие работници не можат да си дозволат греење дома во текот на зимските месеци, бидејќи нивниот приход не им обезбедува пристоен живот. 
 
„Највисок процент работници кои не можат да си дозволат греење има во Кипар- 45,6 %, потоа во Бугарија- 42,8 %, Литванија- 34, 5 %, па следат Португалија- 30,6 %, Грција- 28,7 %, Италија- 26,1 %, итн, последна на табелата е Австрија со 2,5 %. Според податоците на Конфедерацијата, постои висок процент работници кои не можат да си дозволат греење дома уште од 2009 година наваму (!). Тука предничи Хрватска каде 16,5 % од работниците се во сиромаштија уште од 2009 година, потоа Кипар со 10,1 %, Литванија со 7,9 %, Словачка со 7, 8 %, Шпанија со 6 %, итн“, истакнаа од Јуридика, повикувајќи се на податоците на ЕТУК. 
 
Од таму велат дека поради ваквата состојба, Конфедерацијата предложува измена на европската регулатива за минимална плата која ќе биде загарантирана за да им овозможи достоинствен живот на работниците, која не смее да биде пониска од 60 % од просечната плата на ниво на ЕУ, односно 50 % од просечната плата на ниво на земја. 
 
Истакнаа дека во Македонија борбата со сиромаштијата на работниците е присутна од осамостојувањето, надополнувајќи дека според последните податоци на Државниот завод за статистика цените на произодите се во постојан раст, додека платите не растат како резултат на забавената економска активност, главно како последица на кризата предизвикана од пандемијата на Ковид – 19. 
 
„Десетици илјади работни места беа изгубени, и тоа главно оние на најниско платените работници, илјадници работници беа или сè уште се на принуден одмор, синдикалната кошница на трошоци расте, односно покажува дека две просечни плати не се доволни за едно просечно четиричлено семејство… Па според ова, можат ли македонските работници да си дозволат греење оваа зима?“, стои во објавата на Јуридика. 
 
Познато е дека во Македонија најголемиот дел од семејствата се греат на огревно дрво чија цена во просек се движи 50 евра на метар кубен, со оглед на тоа дека во најголемиот број купуваат дрва од складови. Факт е дека со еден метар кубен дрва тешко може да се изгура зимата, со оглед на тоа дека не може да се предвиди колку истата ќе трае. Некои домаќинства мораат да купат до пет или шест кубни метри, што може да ги чини од 250 до 300 евра, што е повеќе и од сегашната минимална плата која изнесува 247 евра. Исто така голем број од домаќинствата во Македонија се греат и на струја и за истата плаќаат сметки над 3,000 денари, што, земајќи ги во предивид останатите трошоци, не е малку во споредба со минималната плата. 
 
За потсетување, четвртина од жителите на Македонија тонат во сиромаштија. Според податоците на Државниот завод за статистика објавени во 2020 година, 455,600 лица во Македонија живеат во тешки услови. Оваа бројка е 21,9 % од вкупното население. 
 
Стапката на сиромаштија во најбројните, четиричлени домаќинства каде живеат двајца возрасни и две деца изнесува 19,5 проценти, односно секое четврто семејство во оваа категорија е сиромашна. Светска банка во мај минатата година објави дека над 55.000 луѓе во Македонија може да западнат во сиромаштија. Според нивните прогнози ќе се зголеми и бројот на сиромашни вработени за два до три пати. Сиромаштијата ќе се врати на нивото од пред 2017 година, па дури и од пред 2015 година.
 
Синдикалната минимална кошница во август изнесуваше 33, 342 денари, од една страна, додека од друга страна минималната плата изнесува 15,194 денари. Во едно четирилчено семејство каде што двајцата родители работат за минимална плата вкупно земаат 30,388 денари, со што има недостасуваат уште 2,954 денари за да примањата им бидат исти до потрошувачката кошница. Според потрошувачката кошница, само на храна во август се потрошиле 14,633 денари и на домување 10,818 денари.