Младите генерации на работнци го менуваат начинот на работа кој го познаваме
Вработените кои припаѓаат на генерацијата Z и милениумците, кои имаат од 18 до 41 година, сочинуваат голем дел од моменталната работна сила. Индексот на Work Trend, покажал дека вработените повторно ја проценуваат улогата на работата во својот живот, а она што го сакаат од работата и што се подготвени да го дадат за возврат го проценуваат со прашањеро: „Дали вреди?“ Истражувањето открило дека 49 % од вработените од генерацијата Z и милениумците и оваа година ќе го земат во предвид менувањето на работодавачот.
Се појавува нов тренд – слобода и флексибилност
Иако Инедексот на Wok Trend 2022 покажал дека сите вработени сакаат поголема флексибилност, укажал и на тоа дека милениумците и генерацијата Z се најориентирани кон промени. Резулатите велат дека 49 % од вработените припадници на генерацијата Z дека најверојатно ќе размислат на премин во хибриден модел на работа на своето моментално работно место, а 46 % веројатно ќе работат на далечина. Тие, за разлика од другите генерации на работници, најмногу ја ценат слободата на избор за тоа кога и каде би сакале да работат.
Приоритетите се менуваат – благосостојбата и корпоративната култура стануваат се поважни
Сепак, вработените од генерацијата Z и милениумците не сакаат само флексибилност. Индексот на Work Trend 2022 открил дека, после платата, на тие вработени приоритет им се и:
- Позитивната работна култура (46 %)
- Поволности кои се насочени кон нивната благосостојба (42 %) и
- Чувство за имање на смисла (40 %).
Отказот е опција и затоа треба да се променат системите на работа
Истражувањето покажало дека е поголема веројатноста припадниците на генерацијата Z и милениумците да ги напуштат работните места кога нешто не им одговара. Поточно, речиси половина од нив во Европа (49 %) најверојатно оваа година ќе се префрлат кај друг работодавач, споредба со просекот на ЕМЕА (Европа, Блискиот исток и Африка) регионот каде тој процент изнесува 36 %. Останатите 31 % на вработени од генерацијата Z најверојатно ќе се преселат и ќе пронајдат работа која им овозможува да работат на далечина.
Хибридниот модел на работа е следниот чекор во светот на работата – дали сме подготвени?
Вработените од генерацијата Z и милениумците сочинуваат голем дел од моменталната работна сила и веројатно во иднина се повеќе ќе ги преземаат раководните позиции. За да ги привлечат најдобрите работници – сега и во иднина – компаниите мора да ги прилагодат своите работни пракси за да ги исполнат новите очекувања на вработените. Бизнис лидерите и директорите на човечки ресурси поради тоа ќе мораат да создадат организации во кои тие групи ќе се чувствуваат вклучено и ќе имаат чувство на лојаност и цел.
Невозможно е да се избришат преживеаните искуства и трајното влијание на тоа што го поминавме во изминатите две години. Давањето на сила на менаџерите да се прилагодат на новите очекувања од страна на вработените им помага на работните системи да ги постават темелите за долгорочен успех. Одлична алтка за помш на тимовите во текот на овие промени е Microsoft Viva кој им помага на тимовите внатре во компанијата или организацијата да напредуваат давајќи им препораки како да ја подобрат продуктивноста и да се грижат за благосостојбата на членовите на тимот“, коментирала Кетеван Ратиани, директорка на дивизијата за модерно работно место, Microsoft CEE Multi – Country регионот.
Успешното задоволување на потребите на вработените бара промена на начинот на размислување за човечките ресурси и деловните лидери. Со се поголемата важност која ѝ се придава на позитивната деловна култира и потребата за флексибилност, ќе биде потребно лидерите да се прилагодат на начинот на кој новните тимови работат за да се осигураат дека вработените и менаџерите имаат јасни информации за своите улоги и одговорности и јасни информации за тоа како функционира хибридниот модел на работа.
Генерација Z
Сепак, само неколку компании (само 27 %) воспоставиле тимски правила за да јасно се дефинираат овие норми. За да изградат ефикасни хибридни тимови, менаџеите ќе мораат да воведат тимски правила кои утврдуваат „зошто“, „кога“ и „како“ треба да се доаѓа во канцеларија, целта на соработка, договорите за тоа како ќе се соберат во живо, како и дефиниција на правилата за хибридните состаноци, како и ново осмислување на просторот кој ќе го поддржи новиот начин на работа.
Овие правила треба на сите да им обезбедат чувство на ангажам на работните места, било да се во канцеларија или да работат на далечина. Колаборативната, дигитална култура може да помогне да се премости географската оддалеченост и другите разлики тогаш кога лидерите ќе одлучат да користат технологија за таа намена. Некои примери вклучуваат:
- Отворени/споделени Outlook календари за да се поедностави закажувањето на состаноци.
- Додавање на Microsoft Teams линкови на секој повик за состанок за да луѓето можат да изберат дали да се придружат лично или онлајн.
- Користење на ажуриран Outlook RSVP – им овозможува на луѓето да означат дали ќе учествуваат лично или онлајн на состанокот.
- Заедничка работа на поделени документи во Cloud, така што сите ќе имаат пристап до истите информации – со контрола врз сите верзии на документите!
- Користење на дигитални алатки за мерење на искуството на вработените; на пример, Micrsoft Viva, која овозможуува учење на работните обрасци и податоци базирани на увиди кои помагат за подобрување на благосостојбата на вработените, поврзувањето и продуктивноста, поттикнуваат делење на знаењето, ја зајакнуваат културата на компанијата и како резултат, им помагаат на организациите да ги задржат своите најдобри таленти.
- Креирање на технолошки опремени канцелариски простории за состаноци – простории за состаноци кои овозможуваат рамноправно искуство од состанокот и за учесниците кои се физички присутни и за тие кои се приклучени онлајн.
- Примена Teams Rooms with Front Row – опција преку која сите се чувствуваат вклучени во хибридниот состанок, без оглед на тоа каде се наоѓаат, ќе биде клучна за функционирање на хибридната работа. Видео галеријата се појавува на дното на екранот такак што учесниците кои се наоѓаат во просторијата ќе можат да се гледаат со своите колеги кои учестуваат онлајн лице во лице, речиси како да се во иста просторија.
- Снимање на повиците за да се споделат информациите со оние кои не биле присутни на состанокот.
- Користење на Powe Point Recording Studio i Cameo – вработените можат да се снимаат самите себе кога презентираат и да ги споделат снимките со колегите за да ја погледнат презентацијата во време кое им одговара, без потреба да се попречува нивното време за „фокусирана работа“.
Не постои еден пристап кои ќе им одговара на сите. За да канцеларијата функционира за сите, ќе биде потребно да се вложи многу труд. Тоа значи дека ќе се одлучува за постигнување на флексибилен, хибриден начин на работа кој навистина функционира. Прилагодувајќи се на новите очекувања на вработените преку технолошките, процесмите и културните промени, работните системи можат да се подготват за иднината и да ги искористат сите предности на хибриднат работа.
Извор: BIZLife
Фото: Microsoft

