Над 1,000 невработени отвориле свои бизниси во екот на корона кризата
Преку програмата за самовработување на Агенцијата за вработување се отворени 1,468 бизниси, истакна директорот на АВРМ Абдуш Демири.
Тој посочи дека невработените лица најчесто започнуваат бизнис со трговија на големо и мало, преработувачка индустрија и објекти за сместување.
Министерката за труд и социјална политика Јадода Шахпаска вели дека 189 лица со попреченост се вработиле преку програмите на Агенцијата за вработување.
„Со цел зајакнување на конкурентноста на невработените лица на пазарот на трудот, обезбедивме разни обуки за практикантство. Следејќи ги глобалните трендови за дигиталната писменост, обезбедивме обуки за ИТ вештини“, вели Шахпаска.

