Најголеми ЗНАЦИ кои укажуваат дека компанијата во која сте аплицирале за работа е ЛОШ избор
Подготвил: Бобан Илијевски
Барањето работа може да биде како дејт (состанок), кога ќе се истакнат одредени „црвени знаменциња“. Одредени однесувања или пракси често се знак на предупредување за неповолни работни опкружувања.
На веб страната за вработување Monster, може да се види извештајот кој настанал по анкетата, во која учествувале повеќе од 6,000 работници. Откриено е дека 73 % рекле дека „микроменаџирањето“ е најголемо црвено знаменце на работното место, додека речиси половина (46 %) рекле дека тоа било причината поради која дале отказ.
На второ место е „фаворизирањето (72 %) како најголемо црвено знаме, а потоа следуваат и работните места кои изискуваат повеќе од три кругови на интервјуа (65 %).
Извештајот утврдил и дека најголемите „болни точки“ се чувствуваат меѓу работниците. На прво место се состаноците кои „можеле да бидат само мејлови“ (39 %) „нефлексибилното“ работно време (51 %) и неделниот напредок или т.н. статус состаноци (31 %).
Иако некои црвени знаменциња можеби нема да се појават додека кандидатите официјално не влезат во работното опкружување, постојат некои начин да се воочат во текот на процесот на аплицирање – така што можете да се насочите во друга насока, пишува Entrepreneur.
Според платформата за барање работа The Muse, некои клучни работи на кои треба да се обрне внимание се „необичниот“ или двосмислен јазик во објавите, бидејќи тоа може да имплицира дека на компанијата и недостасува идентитет или дека „премногу се труди“; нејасната или претераната листа на должности, бидејќи тоа може да значи дека позицијата на крајот ќе опфаќа безброј обврски кои не се во описот и широкиот опсег на плати, бидејќи тоа би можело да упатува на двосмислени улоги или дека компанијата не плаќа адекватно за работата.
Извор: BIZLife
Фото: Freepik

