Колумни

НЕПРИСТОЈНИОТ ПРЕДЛОГ ОД ВЛАСТА – СРАМ ЗА ДРЖАВАТА !

Веќе 7 ден, по  вина на  власта, образованието  во државата е во прекин. Учениците не се во можност во континуитет да  одат на училиште. Државата не им обезбеди ниту нормални услови, ниту пристојна достоинствена плата на нивните, на  постојните понижени наставници, ниту пак е во можност да им  даде  од ветените „резервни“, т.н. заменски наставници.

Очигледно, ова последново беше  блеф кој и им личи на „коцкари“ кои не само што се коцкаат со  образованието и со државата, ами  сега и најмногу и со иднината на нашите  ученици и на нашите деца.  Ова го знаат и го сфатија и родителите кои овојпат и од самиот почеток  ја одбрааа вистинската страна и ги поддржаа просветните работници во нивните барања. Родителите, впрочем, знаат дека само мотивирани наставници  создаваат мотивирани и успешни ученици и затоа  е оваа огромна масовна, речиси стопостотна поддршка на  генералниот штрајк, кој, без сомнение, продолжува и  следнава недела, со оглед на непристојниот предлог од власта.

Токму така, власта преку нејзиниот премиер и нејзиниот  прв финансиер  доставија  во петокот еден срамен непристоен предлог:  на наставниците да  им се даде максимум 10%  (кои би се исплатиле дури и на две рати: еднаш во јуни – 7%, а другите 3% во септември или до крајот на 2022), наместо оние  +18 % кои се во сушност нашата црвената линија  која власта не смее да ја прегази. Плус 18%  без кои нема прекин на генералниот штрајк!

Со овој непристоен предлог уште еднаш е погазено достоинството на просветнииот работник, на наставникот, на учителот! Овој  непристоен предлог е  СРАМ за државата со име СРМ! И токму затоа, колку што е понепристоен предлогот на власта, толку е поголем, помасовен  и пооправдан гневот  и незадоволството на наставниците!

Наставниците се  решени да истраат до кра! До исполнување на барањата доставени до Владата, истите барања во кои ние  веќе направивме попуштање и  ептен разумен  компромис  уште пред почетокот на генералниот штрајк!
За првпа, во поновата македонска историја, наставниците  и сите други просветни работници  со секој ден се се’  поедногласни, цврсто обединети, заедно од сите  училишта, од сите македонски  села и градови, од сите синдикати  и од сите вери, партии и националности! Нема веќе игри и потценување на нашата професија! Наставниците, како никогаш досега, се во  борба, не само за подостоинствена плата, ами и во борба за враќање на  одземените права и украдениот углед во опшптеството!
Единствени нештрајкувачи и дури почесто и штрајкбрејкери  се некои од  некадарните директори и нивните коруптивно лојални  „соработници“ кои  чувајќи си го грбот и мандатот, ја чуваат и коруптивноста и копромитираноста нивна и своја. За волја на вистината, и за среќа на образованието, тоа се исклучоци.

Непристојниот предлог кој  во петокот им е даден  од страна на прермиерот, веднаш и со индигнација  им е вратен на понудувачите од  власта преку синдикалните претставници кои  предупредуваат: власта да не си игра  мајтап со образованието! Да не го урива веќе урнатото достоинство на наставниците! Наставниците и сите просветни работници и нивни стручни и технички соработници  се огорчени од иритирачкиот и понижувачки однос  од државата и  продолжуваат храбро простум и не се откажуваат од своите права!  Штрајкот продолжува  посилно, поцврсто, пообединето, до крај!

Нека не се труди власта, ни преку министрите, ни преку директорите,  да заплашува, да уценува, да се заканува и да врши  мобинг врз  штрајкувачите! Правото на  штрајк е заштитено со Уставот, а мобингот и попречувањето на штрајкот е казниво по закон и со казна затвор од минимум една година!
Ќе следат кривични пријави против секој кој се обидува да го попречи штрајкот, порачуваат и предупредуваат од СОНК синдикалните претставници на штрајкувачите.
Владата и нејзините министри конечно треба да сфатат дека 97 % од наставниците во Македонија, а  97 % наставници-штрајкувачи се малку повеќе проценти од нивниот министерски  инает; 97%  се  црвен аларм за да се  задоволи, за почеток и под итно, барем црвената линија на оправданите барања на наставниците!  Дотогаш, штрајкот продолжува!

P.S. Oдговорно кон обврските,
храбро во борбата за своите права!

                                                                                         Автор: Проф. Димче Донески,
претседател на СО СОНК, Лескоец-Охрид