НУК: ВОВЕДУВАЊЕ НА КРИПТО-СРЕДСТВО БАЗИРАНО НА УГОСТИТЕЛСКА УСЛУГИ И НЕГОВА ПРИМЕНА КАЈ УГОСТИТЕЛИТЕ
ИНИЦИЈАТИВА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ГЛОБАЛНО КРИПТО-ВИРТУЕЛНО СРЕДСТВО НАМЕНЕТО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УГОСТИТЕЛСКИ УСЛУГИ И ИНВЕСТИРАЊЕ И ФИНАНСИРАЊЕ ВО МАКЕДОНСКИ И РЕГИОНАЛНИ УГОСТИТЕЛИ
Се повеќе сме сведоци дека Владите во балканскиот регион во услови на пандемија со Ковид-19 веќе немаат намера ниту сакаат да издвојуваат финансиски средства да ги надоместат штетите и загубите што ги трпат угостителите поради мерките и ограничувањата во своето работење. Од друга страна банките, фондовите, тур операторите и разни партнери и инвеститори се помалку имаат желба да одобруваат и да ја поддржуваат угостителската индустрија со разни кредитни линии, авансни закупи на аранжмани во услови на неизвесноста од прогнозите за времетраењето на пандемијата со Ковид-19.
Пратејќи ги светските и глобални трендови кои земаат се поголема популарност и во регионот за тргување и инвестирање во крипто средства Независната угостителска комора започна иницијатива за креирање на иницијална понуда за издавање на глобален алтернативен крипто коин – крипто средства (анг. ICO1) базирано на паметен договор темелен на независна блокчејн платформа наменети за користење исклучиво во угостителската индустрија со што се обезбедува алтернативен извор и начин на прибирање на средства за инвестирање и финансирање на македонски и регионални угостители и угостителски објекти.
Приходите остварени од инвестициите во крипто средството, авансно ќе се исплатуваат и инвестираат во угостителите кои ќе имаат за обврска добиените средства да ги враќаат и исплаќаат со реализација и испорака на сопствени угостителски услуги.
Целокупната иницијатива со целосно иновативен пристап и решение за примена на крипто средства во угостителската индустрија може да се реализира запазувајќи ја постојната и усогласена со ново најавената законска регулатива за работа со крипто-виртуелни средства која се имплементира преку нацрт-закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам кој е во собраниска процедура.
Во услови кога странските и домашните туристички оператори се помалку се осмелуваат авансно да закупуваат ресурси – хотелски комплекси и останати угостителски услуги поради неизвесноста од состојбата со пандемијата, авионските компании ги редуцираат своите летово, туристите поради се поголемите глобални ограничувања на своите движења се ограничени во своите меѓународни туристички патувања, бизнисмените се приморани своите активности да бараат начини да ги реализираат преку разни видео онлајн платформи ја остава целата локална и регионална балканска угостителска индустрија на милост и немилост од времето и секој угостител да се снаоѓа сам како може и умее.
Независната угостителска комора уште на 4-ти Октомври достави барање до Народна банка, Министерство за финансии, Министерство за економија, Управата за јавни приходи и Централниот регистар за информации за МОЖНОСТИ ЗА ЗАКОНСКА ТРГОВИЈА И ИЗДАВАЊЕ НА КРИПТО ВАЛУТИ СОГЛАСНО ПОСТОЈНА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА.
Со оглед дека изминатите денови поради сите случувања со рударењето на крипто средства во медиумите се потврдија информациите достапни на официјалната страна на Народна банка дека кај нас, како и во други земји, прашањето на издавање, вложување и тргување со крипто-средствата не е регулирано, вклучително ниту во Законот за девизно работење (и неговите подзаконски акти) којшто го регулира и работењето со странство и ова значи дека работењето со крипто-средствата не е недозволено, туку во моментов тоа е нерегулирано.
Со цел побрзо да ја прекинеме агонијата на преживување од ден во ден и да изнајдеме алтернативни начини за финансирање, инвестирање и помош и поддршка на угостителската индустрија не само локално туку и регионално ја започнуваме оваа иницијатива со колеги од балканот за издавање на глобално крипто средство базирано на паметни договори како една нова модерна можност за прибирање на финансиски средства и промоција на македонскиот и балканскиот туристичко-угостителски сектор кој ги следи и имплементира модерните технологии во угостителскиот сектор. На овој начин со промоција на т.н. македонска и балканска крипто дестинација индивидуалци од целиот свет кои сакаат да ги планираат и да инвестираат во своите годишни патувања и одмори – летувања и зимувања во Македонија и балканот, бизнисмени што континуирано патуваат, разни тур оператори и туристички агенции кои имаат потреба да закупат и резервираат повеќе различни угостителски капацитети, номади и разни инвестициски фондови и инвеститори ќе можат да инвестираат и да го купат ова крипто средства по загарантирани повластени цени кој важеле на денот на купување со што ќе се стекнат со правото да ги користат услугите на угостителите било кога сакаат или да тргуваат со крипто средствата по актуелни цени во било кој момент од наредниот период.
За реализација и евиденција каде можат да ги користат или тргуваат со крипто средства со кои располагаат, сопствениците и инвеститорите целосен увид во понудата на угостителските услуги кои ќе можат да ги користат од листата на членки – угостителски објекти ќе имаат преку специјализираната платформа за резервации и реализации за која веќе е во развој. Вредноста на услугите кои ќе можат да се користат преку платформата ќе бидат изразени единствено во крипто средство. Преку платформата ќе се вршат и сите порамнување за користените услуги и трансакции направени во и кај угостителските објекти.
- ICO – An initial coin offering (ICO) is a type of capital-raising activity in the cryptocurrency and blockchain environment.

