Вести

Овој проблем секојдневно ги погодува вработените и не знаат како да го решат: Постојат 4 проверени начини

Подготвил: Бобан Илијевски

Сакате да дадете се од себе на работното место, но тоа не ви оди од рака? Веројатно се соочувате со проблемот кој погодува милиони ширум светот, а тоа е недостаток на енергија.

Кога немате доволно волја, мотивација, но и општа психо – физичка стабилност – тоа умее значајно да влијае на вашата работа и извршувањето на секојдневните работни обврски, особено ако работите во компетативна средина.

Можеби би можеле да си помогнете самите на себе и да ги засилите работните потенцијали со овие 4 проверени начини за подигнување на енергијата.

Хранете се попаметно

Не прескокнувајте го појадокот, како што прават поголемиот дел од работниците, во недостаток на време. Изедете барем мал оброк за да го покренете метаболизмот, а потоа во текот на денот јадете помалку, но квалитетно. Ако ви е потребна ужина, оброкот нека биде помал и похранлив, за да не ви се приспие во текот на попладнето.

Правите паузи

Истражувањата покажуваат дека правењето на паузи од 15 минути, на секои 90 минути, ќе ви даде енергија и ќе ви помогне во зголемувањето на продуктивноста. Иако тоа е прилично индивидуално, поголемиот дел од нас не можат вистински да се фокусираат на некоја задача подолго од час и пол.

Вежбајте

Веќе знаете дека редовното вежбање е важно за вашето здравје, но ако правилно го распоредите, тоа исто така прави чуда за вашето ниво на енергија. Вежбајте барем 20 минути во текот на работниот ден, бидејќи тоа ќе ви го подобри и расположението. Ако во близина немате теретана, практикувајте брзо одење по канцеларијата.

Моќта на дремката

Тука не се мисли на буквално спиење на работа, туку одвојување на малку време за опуштање. Големите светски компании одамна практикуваат разни методи кои би можеле да им помогнат на вработените да се „опорават“ во текот на работното време. Понекогаш е доволно само да замижите 10 до 15 минути и да слушате музика

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Shutterstock