Оглас за вработување во EOS Матрих
ЕОЅ Матрих е дел од EOS групацијата, успешен меѓународен лидер кој нуди специјализирани и индивидуални финансиски решенија со секојдневен напредок во работата благодарение на 7500-те вработени ширум светот. ЕОЅ Матрих работи за свет без долгови и нуди одлична работна атмосфера во интернационална компанија, иновативно опкружување, можност за професионален и личен развој.
ЕОЅ Матрих објавува Оглас за вработување на 1 (еден) извршител на следнава работна позиција:
Офицер за корпоративно право
Профил:
- Универзитетска диплома / мастер – Правен факултет
- Положен правосуден испит ќе се смета за предност
- Искуство во област на корпоративно работење / човечки ресурси од најмалку 1 година
- Познавање на англиски јазик на ниво на бизнис комуникација
- Познавање на MS Office апликации
- Способност за тимска работа
- Самоиницијативност, креативност
- Професионалност, енергичност
- Одлично познавање на областа на човечки ресурси
- Познавање на стандарди ISO 20000 и ISO 27001
- Познавање на GDPR регулатива
- Познавање на AML регулатива
Одговорности:
- Работи во правниот оддел на компанијата и директно одговара пред Раководителот на правен оддел
- Имплементирање на поставените постапки и процедури, нудење на корпоративни решенија
- Подготвува секаков вид на корпоративни акти(договори, правилници, одлуки и сл.,)
- Континуирана соработка со останатите оддели во компанијата
- Следи јавни набавки, подготвува тендерска документација и учество на тендери
- Интерни правни, општи и статусни прашања
- Коресподенција со и застапување на Компанијата пред надлежни органи и институции на професионален начин
- Корпоративно работење во областа на човечки ресурси
- Изработка на анализи и презентирање на резултати на јасен начин, по барање на менаџмент тимот
- Континуирана соработка со останатите оддели во компанијата
- Комуникација со клиенти, соработници и надлежни органи на позитивен и професионален начин
- Постојана надградба на вашето знаење во областа
Придобивки:
- Можност за работа со колеги од тимови во земјите каде EOЅ има претставништва
- Пријателска, позитивна и здрава работна околина, фокусирана на развој на секој член од тимот
- Работа во меѓународна компанија со високо ниво на корпоративна култура
- Можности за постојано учење и надградување
- Тим билдинг активности
- Можности за хоризонтално и вертикално напредување во вашата кариера
Успешни заедно
Ако се пронајдовте во приказната, ЕОЅ Матрих ве повикува да аплицирате на: mk-hr@eos-matrix.com со доставување на Ваша биографија најдоцна до 11.06.2021 година и и да се придружите на успешниот тим.
Сите пристигнати информации се третираат како строго доверливи.
Пристигнатите биографии ќе се чуваат во рок од 1 година по истек на огласот, освен доколку испраќачот не назначи поинаку.
*Согласноста за чување на биографија може да се повлече пред истек на наведениот рок од 1 година на маил: mk-dpo@eos-matrix.com
Доколку имате прашања можете да ги контактирате ЕОЅ Матрих на: +389 2 3200 400.

