Од 132-та седница на Владата: Обезбедени дополнителни 670 милиони денари за надминување на енергетската криза
Владата на Република Северна Македонија на последната 132-ра седница, согласно Законот за извршување на Буџетот за 2022 година, донесе Програма за зелен развој со која се утврдени дополнителни 670.000.000,00 денари за реализација на проекти од областа на енергетиката, односно за производство и обезбедување на дополнителни количини на електрична енергија од обновливи извори на енергија за надминување на состојбата енергетската криза.
