ПравдаСветот на работникот

Одлука за отстранување од кај работодавачот (суспензија) – што во тој случај?

Рубрика трудово и социјално право
Тема: Одлука за отстранување од кај работодавачот (суспензија) – што во тој случај?
Работникот кој ќе добие одлука за отстранување од кај работодавачот има право, согласно Законот за работни односи да поднесе приговор на истата до органот на управување или до самиот работодавач. По барање на работникот, тој може да биде застапуван од страна на синдикатот во постапката по приговорот.
Ваквиот приговор работникот има право да го поднесе во рок од 8 дена од денот кога ја добил одлуката за отстранување од кај работодавачот. Работодавачот е должен да донесе одлука по поднесениот приговор во рок од 8 дена од денот кога е поднесен истиот.
ПРАВИЛНО е да се смета дека поднесениот приговор против одлуката не го задржува од извршување писмениот налог на работодавачот.
ПОГРЕШНО е да се смета дека тука завршува постапката, доколку не е донесена одлука по приговорот од страна на работодавачот или пак работникот е незадоволен од истата, има право да поведе спор пред надлежниот суд во рок од 15 ден.
Проф. д-р Лазар Јовевски