Општина Тетово пренатрупана со административци, некои немаат ниту столче, ниту работни задачи
Според бројот на вработени Општина Тетово со години функционира со шестпати повеќе вработени од европскиот просек, каде се предвидени на 1.000 жители по еден административец. За Тетово со околу 100.000 жители се потребни 100 административци, но нивниот број, како што кажа новиот градоначалник Биљал Касами, е околу 700. Партизацијата во локалната самоуправа е најголемиот проблем, затоа и вработеноста од година в година расте, а голем дел од буџетот оди за плати и придонеси, велат експертите
Пишува: Зоран Димовски
Наместо помала и поефикасна администрација локалната самоуправа во Тетово и јавните претпријатија се пренатрупани со вработени, а голем дел од нив немаат ниту работно столче и канцеларија. Општината со години ја криеше бројката на административци, а со голем дел од нив, зависно која партија ќе дојде на власт, си склучуваше договори на дело на 6 месеци. Новата градска власт на чело со градоначалникот Биљал Касами, по преземањето на функција веднаш го објави бројот на вработени.
Според него се работи за бројка од околу 700 лица, од кои, како што рече, дел не одат на работа, а за некои не се знае што работат. Тој најави ревизија за сите договори.
Повеќе на Вистиномер.мк

