Панел дискусија „Од поставувач до следач на правила? Променетата улога на Кина на глобален план и импликациите за Западен Балкан“
Денес (четврток, 29 април 2021), Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со здружението ЕСТИМА организираа онлајн панел дискусија на тема „Од поставувач до следач на правила? Променетата улога на Кина на глобален план и импликациите за Западен Балкан“. На дискусијата стана збор за дилемите со кои земјите од Западен Балкан се соочуваат во контекст на зголемените тензии меѓу ЕУ и Кина, како и за потенцијалните придобивки и ризици во соработката со Кина, особено во контекст на евроинтегративниот процес на земјите од регионот.
Настанот го отвори г. Даниел Браун, официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденауер во земјата, кој се осврна на кинескиот глобален подем, можностите што ги отвора на економски план, но и ризиците што ги поставува за демократските либерални општества и ја истакна важноста од поттикнување и одржување на јавна дебата по овие прашања.
Свои излагања имаа:
– Давид Меркле, координатор за Кина, Одел за европска и меѓународна соработка, Фондација Конрад Аденауер, Берлин, кој зборуваше за актуелните глобални прашања каде Кина е незаобиколлив чинител, безбедносните ризици поврзани со кинеското воено јакнење и потенцијалните закани по светскиот поредок заснован на правила.
– Ана Крстиновска, претседателка на ЕСТИМА – Здружение за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности, која се насочи кон актуелната соработка на земјите од Западен Балкан со Кина во контекст на платформата17+1 и на билатерална основа, клучните причини за релативно слабите резултати од економската сорабтка и начините за максимизирање на позитивните придобивки и отстранување на негативните влијанија врз евроинтегративните аспирации на регионот.
– Игор Новаковиќ, Центар за интернационални работи и безбедност – ISAC Fund, Белград, кој ги пренесе искуствата на неговата организација во оценка на усогласеноста на државите од Западен Балкан со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и согледувањата во однос на отстапувањата, а се осврна и на српската политика кон Кина како држава со најблиски односи и најинтензивна соработка во регионот.
Модератор и воведничар на настанот беше Зоран Нечев, раководител на Центарот на ЕУ интеграции при Институтот за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје.
На настанот беше претставена и дискутирана стручна анализа на оваа тема, изработена од страна на Ана Крстиновска, која има за цел да придонесе за посуптилно разбирање на присуството на Кина во земјите од Западен Балкан и да даде препораки за креаторите на политики во регионот и во ЕУ.
Анализата е достапна на следниот линк http://estima.mk/static/c2.2a1.15_xgjv9t3kenqsccsdmit8/s1/files/rte/documents/From%20rule-taker%20to%20rule-shaper%20MK%20-%20final%20clean.pdf

