ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Плата од 26.800 до 36.700 денари – Цементарница Усје ВРАБОТУВА на повеќе позиции

Цементарница УСЈЕ АД Скопје е производител на цемент и на други градежни материјали. Како членка на Групацијата ТИТАН, работи според најдобрите светски практики водејќи грижа за потребите на општеството и одржливиот развој преку одговорност и интегритет.

УСЈЕ е основана во 1955 година и денес е една од најголемите домашни компании со значаен придонес во развојот на земјата. Покрај производството на цемент, УСЈЕ поседува и погон за готов производ и агрегати, во кој произведува различни видови бетон. Со своите производи го снабдува домашниот пазар, како и пазарите во регионот (Косово, Албанија и Бугарија).

Цементарница УСЈЕ создава вредност преку трансформација на суровините во основниот градежен производ – цементот, служејќи ѝ на општествената потреба за квалитетно, безбедно и трајно домување и инфраструктура.

Целосно сме посветени на високиот квалитет што гарантира безбедност, издржливост и ефикасност на нашите производи и услуги. Вработува повеќе од 250 вработени, a преку соработката со локални добавувачи и изведувачи овозможува создавање нови работни места.

Поради проширување на нашиот тим вработуваме на повеќе позиции:

Оператор на производство во Сектор за готов бетон (Линк за аплицирање), Вработување во Цементарница УСЈЕ (Линк за аплицирање) и Software Developer & System Engineer Internship (Линк за аплицирање)

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, се*суална ориентација, религија или убедување.