Поголема од два Ватикани: Ова е најголемата железничка станица на светот Фото/Видео
Кина уште еднаш ги помрдна границите кога се во прашање инфраструктурните мегапроекти. Во градот Чонгкинг изградена е нова железничка станица „Chongqing East“, која веќе сега се смета за најголема на светот.
Оваа огромна сообраќајна точка се простира на дури 1,22 милиони квадратни метри, што ја прави значајно поголема од познатите станици како „Grand Central“ во Њујорк или „Leipzig Hauptbahnhof“ во Германија.
За полесно споредување, станицата покрива површина поголема од повеќе 170 фудбласки терени и е поголема од два Ватикани.
Chongqing East е комплекс на новата генерација кој интегрира различни видови на транспорт.
Објектот има осум нивоа и поврзува брзи возови, метро линии, автобуси, такси превоз, како и приватен паркинг. Освен тоа, во склоп на комплексот се наоѓаат и продавници, ресторани и др.
Станицата има 15 перони и 29 железнички линии, вклучувајќи брзи возови кои достигнуваат брзина од 350 километри на час.
За разлика од класичните станици кои служат за градски превоз, оваа е дизајнирана за површување на големите градови и региони, што изискува значајно долги композиции и поголеми капацитети.
Дел од големата кинеска стратегија
Изградбата на оваа станица не е изолиран проект, туку дел од поширока стратегија за развој на инфраструктурата во Кина, пишува theB1M.
Оваа земја денес ја има најголемата мрежа на брзи железници во светот, која се протега на повеќе од 50,000 километри. Поради споредба, Шпанија, која е втора во светот, има помеѓу 3,000 и 4,000 километри.
Кинеските вложувања во инфраструктурата траат со децении и имаат неколку цели – поврзување на помалку развиените делови на земјата, поттикнување на трговијата и економски раст, но и јакнење на глобалното влијание.
Чонгкинг, во кој се наоѓа оваа станица, е еден од најбрзорастечките градови во Кина. Неговата урбана популација денес брои околу 10 милиони жители, што е четири пати повеќе од пред три децении.
🚨BREAKING: Chongqing East Railway Station in China becomes world’s largest train station, built in 38 months. pic.twitter.com/oBHRYuxUsX
— The Daily CPEC (@TheDailyCPEC) May 5, 2026
Поради својата географска положба, овој град станува клучно место на кинеската мрежа на брзи железници.
Изградба со помош на робот
Изградбата на ваков комплексен објект изискувала огромни количини на материјали – користени се околу два милиони кубни метри бетон и повеќе од 360,000 тони челик.
Интересно е дека во процесот на изградба се користени и роботи, кои помогнале во нивелирањето на теренот, поставување на стаклени фасади, заварување и други прецизни работи.
Според достапните податоци, користењето на автоматизацијата значајно ги забрзало работите, ги намалило трошоците и ја зголемило сигурноста на градилиштето.
Прашање на одржливост
Иако Кина импресионира со брзината и обемот на изградбата, се поставува прашање колку вакви проекти се долгорочно одржливи.
Големи инфраструктурни објекти изискуваат високи трошоци за одржување, а поединечни аналитичари предупредуваат дека економскиот поврат не секогаш ги следи вложувањата, особено во помалку развиени региони.
Од друга страна, кинеските власти истакнуваат дека целта на овие проекти е долгоречен развој, поврзување на земјата и намалување на регионалните разлики.
Извор: b92.net

