Останато

Право на парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа – прв дел

Право на парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа – прв дел

Децата без родители и родителска грижа остваруваат повеќе институционални права до навршување 18 годишна возраст (сместување во ученички дом,семејство или установа за која центарот ќе оцени дека може да обезбеди чување, згрижување, воспитание, образование и нормален развој на детето), согласно Законот за социјална заштита.

По навршување на 18 години, а најмногу до навршување на 26 години за овие лица државата обезбедува парична помош за обезбедување на основните егзистенцијални потреби по напуштање на дом, семејство или установа во која биле сместени.

Лице кое до 18 години имало статус на дете без родители и родителска грижа може да го оствари правото на парична помош со поднесување на барање кое барателот треба да го напише во слободна форма, бидејќи нема пропишан образец при што треба да ги приложи следните документи за себе и за членовите на семејството:
1. фотокопија на важечка лична карта за државјани на Република Македонија, дозвола за постојан престој на странецот, фотокопија од лична карта за признат бегалец или фотокопија на лична карта за лице под хуманитарна или супсидијарна заштита,
2. фотокопија на извод од матичната книга на родените,
3. фотокопија на извод од матичната книга на венчаните,
4. фотокопија на извод од матичната книга на умрените, за починат член на семејството,
5. уверение за пријавени или остварени нето приходи од Управата за јавни приходи,
6. потврда за остварени приходи од плата,
7. потвдра за корисник на пензија,
8. потврда од Агенција за вработување на Република Македонија, за невработени членови во семејството,
9. невработено лице кое не е во евиденција во Агенцијата за вработување на република Македонија приложува листа за регистрирани податоци за остварен стаж,
10. пресуда за определена законска издршка,
11. имотен лист од катастар,
12. потврда за редовен ученик- студент.

Тимот на Јуридика