ЕкономијаСвет

Просечната плата во Црна Гора над 1.000 евра: Највисоки примања во Тиват, Зета, Будва и Подгорица

Според најновите податоци на Управата за статистика на Црна Гора – Монстат, просечната нето плата во земјата за месец април 2025 година изнесувала 1.009 евра, додека бруто платата достигнала 1.202 евра. Ова претставува раст од 0,6 отсто во однос на март, и значителен годишен пораст од 21,9 отсто во однос на април 2024 година.

Сепак, имајќи предвид дека потрошувачките цени во април пораснале за 0,8 отсто во однос на март, реалната плата во истиот период бележи благ пад од 0,2 отсто.

Највисоки плати по општини

Од вкупно 25 општини во Црна Гора, само четири имаат просечна плата над државниот просек:

  • Тиват – 1.263 евра
  • Зета – 1.095 евра
  • Будва – 1.088 евра
  • Подгорица – 1.046 евра

Во сите останати општини просечната плата е под државниот просек од 1.009 евра. Следуваат:

  • Херцег Нови – 1.001 евра
  • Пљевља – 986
  • Никшиќ – 970
  • Цетиње – 967
  • Котор – 966
  • Бар – 942
  • Беране – 923
  • Жабљак и Даниловград – по 911
  • Мојковац – 903
  • Колашин – 889
  • Плужине – 881
  • Плав – 871
  • Бијело Поље – 869
  • Тузи и Шавник – по 868
  • Рожаје – 863
  • Гусиње – 861
  • Улцињ – 839
  • Андријевица – 831
  • Петњица – 825 евра

Плати по сектори

Зголемување на просечната нето плата во април е забележано во следниве сектори:

  • Уметност, забава и рекреација – +2,7%
  • Здравство и социјална заштита – +2,5%
  • Трговија и поправка на моторни возила – +1,9%
  • Државна управа и одбрана – +1,8%
  • Преработувачка индустрија – +1,2%
  • Сместување и угостителство – +1,2%
  • Електрична енергија и гас – +1,1%
  • Градежништво – +1,1%
  • Рударство – +0,4%
  • Образование – +0,3%
  • Земјоделство, шумарство и рибарство – +0,2%

Од друга страна, пад на просечната плата е забележан во:

  • Информатичка и комуникациска дејност – −5,2%
  • Недвижности – −4,9%
  • Финансии и осигурување – −2,8%
  • Сообраќај и складиштење – −1,5%
  • Водовод и отпад – −0,8%
  • Стручни и технички дејности – −0,5%
  • Останати услужни дејности – −0,2%
  • Административни и помошни дејности – −0,1%

Извор: b92.net