МакедонијаСиндикат

СПМ одржа средба со Началникот на СВР Куманово

Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија:

Во просториите на СВР Куманово одржана е работна средба со Началникот на СВР Куманово Никица Петрушевски и потесното раководство на СО на СПМ СВР Куманово.

На средбата од наша страна беа презентирани сите проблеми со кои секојдневно се соочуваат вработените во СВР Куманово( ПО Матејче, ПО Старо Нагоричане,ПО Ранковце,ОВР Кратово и ОВР Крива Паланка),а исто така се дадени и предлози за решавање и надминување на истите.

Благодарност до Началникот за неговото одвоено драгоцено време, укажаната почит и разбирање со кои бевме удостоени и испочитувани како Синдикат, како и неговото размислување, допринос и идеја за заедничко вложување во надминување на сите пречки со кои сите ние како вработени во СВР Куманово секојдневно се соочуваме.

#враќањенапрофесионализмотвополицијата

#новатаеранапрофесионализмот

#силанановотовреме