СПМ: Под итно да се распушти внатрешната контрола во МВР!!
Фејсбук статус на Синдикатот на полицијата во Македонија:
ПОТВРДЕНО и со докази: Внатрешната контрола под итно да се РАСПУШТИ
Веднаш да го поставиме прашањето кое произлезе од последниот ГАФ во раководните структури на МВР

………….
……………….
…………….
……
Г-дине Дејан Андонов, помошник на Министер за внатрешна контрола и професионални стандарди да те прашаме веднаш директно- Кој лаже
Вие, Министерот Оливер Спасовски или Г-динот Кицев?
Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ на 4 ти Август објави реакција за новата листа на работни места за кои не се спроведува транспарентна постапка ( интерен оглас ), потпишана од Министерот Оливер Спасовски и претседател на МПС Марјан Кицев, која е донесена спротивно на чл.22 и 26 од Закон за полиција, односно е незаконска.
При тоа беше поднесена претставка до Оддел за внатрешна контрола и еве денес одговор (види 1 слика)
Па да се чуди човекот што ќе го прочита овој одговор дали е будала, ненормален, неписмен или недоветен. Или некој пак манипулира? АМА КОЈ
:
Министерот и Кицев кој ја потпишале незаконската листа или Помошникот Дејан Андонов кој тврди дека местата Началник на СВР и Регионален центар не се на листата?!
Тука дефинитивно некој лаже, некој манипулира, некој користи ситуација за сопствени цели ( бидејки на лагата и се кратки нозете ) и сето тоа на писмено
Па добро бе, “почитувани господа”, ајде што си дозволивте незаконски активности со листата, ајде што притискате да ве спаси Помошникот, ама барем да му кажевте и што да напише во одговорот

Г-не Андонов,
За да се изнесат вакви тврдења во писмена форма, за постоечки акт во писмена форма, навистина треба да си или недоветен или неписмен. А можеби и те натерале најверојатно. Но да не заборавиш кое беше твоето барање до нас
. Да не заборавиш зошто го побара тоа, бидејќи од денес натаму не е повеќе важечко.
Ти и твојот “ оддел” од денес па натаму ќе бидете предмет на секојдневна анализа и за секој ваш ваков или сличен одговор, барање, препорака, наредба ќе бидете достојно транспарентно и јавно прикажани.
Г-дине Деан Андонов, чекаме одговор на нашето прво прашање:




