НовостиСветот на работникот

Здрави „WFH“ навики кои вработените ги пренесуваат во канцелрија: Алармот за прошетка е новиот хит

   Време за читање 3 минути

Без оглед на тоа дали сакате да работите од дома или едвај чекате да се вратите на социјалната, колективна атмосфера во „вистински“ канцеларии, голема е веројатноста дека во последните 18 и повеќе месеци сте развиле некои WFH (анг. work from home) навики кои се тука да останат. 

Најпрво, затоа што се корисни. Интересно е да се набљудува што е тоа што работниците ќе го отфрлат кога ќе се вратат во канцеларија, а од што не сакаат да се одречат. Новинарката од веб страната apartmenttherapy.com анкетирала повеќе од десетина луѓе по ова прашање и сумирала некои впечатоци. Ова се некои од најинтересните:

Паузите се важни

„Недостигот на структура во домот направи да бидам помалку фокусирана, па своите задачаи започнав да ги ставам во календар со вградени паузи помеѓу и на тој начин не зјапав постојано во својата листа на задачи или т.н. to – do листа, прашувајќи се Од каде да почнам? На тој начин физички можев да видам дали имам доволно време да ги завршам своите задачи во еден ден“, вели Лизи Прајс. 

Може состанок, но не во овие денови

“Sledećeg meseca se vraćam na posao, pa se zaista prebacujem s potpuno udaljenog rada na fleksibilniji režim. Od početka pandemije eliminisala sam sastanke ponedeljkom i petkom, uz neke izuzetke. To mi omogućava da uradim mnogo više stvari pre i posle vikenda. Nedelju počinjem i završavam glatko i sa manje anksioznosti. Činjenica je da je sredina radne sedmnice natrpana, ali se tako osećam produktivnije”, kaže Aleksa Geosenbah.

„Следниот месец се враќам на работа, па се префралам од потполна работа од далечина на флексибилен режим. Од почетокот на пандемијата ги елиминирав состаноците во понеделник и петок, со некои исклучоци. Тоа ми овозможува да направам многу повеќе работи и после викендот. Во недела почнувам и завршувам глатко и со помала анксиозност. Факт е дека средината на работната недела е натрупана, но така се чувствувам попродуктивно“, вели Алекса Геосенбах.  

Секое утро станувајте во исто време и составете ги „намерите“

„Звучи лудо/очиглено, но за време на пандемијата будењето ми беше приоритет“, рекла Ени Брахам, а Хејли Лејп тврди дека клучот е да се вопостави намера наместо задача. „Потоа на крајот од денот составував список на работи на кои работев тој ден“, додава. 

Ослободете се од хартијата

„Не мислев дека ќе биде невозможно, но потполно се ослободив од хартијата во работата од далечина. Насекаде на масата имав белешки и нотеси и мислев дека никогаш нема да можам да ја прекинам таа навика. Има нешто во тоа пишување во однос на дигиталните листи. Но, потоа се јави еколошката свест, имајќи во предвид колкава количина на хартија беспотребно трошев“, истакнала Оливија Мичауд. 

Барем еднаш излезете надвор

Кога сте на работа, во канцеларија, веројатно заборавате на оваа здрава навика, но до неа се држат многу работници кои работат од дома. Околу ова се согласиле многумина работници, а некои дури навиваат и за „аларм за прошетка“ за да ги разбистрат мислите. Велат дека оваа здрава навика им помага на останат мотивирани. Исто така, се навикнуваат и на помали оброци во текот на работниот ден. 

Извор: Biznis Telegraf

Фото: Pixabay