СПМ: Кој вели дека Дедо Мраз не постои во МВР
Кој вели дека Дедо Мраз не постои

МВР се потруди да не убеди во спротивното па предновогодишно и ги изненади сите полициски службеници !



По долго помпезно медиумско фалење со говори и фотографии со кои се најавуваше набавка на полициската униформа (што е обврска и должност на МВР) , воедно основна потреба на полициските службеници, а не некаков вонселенски проект кој треба да се спроведе, и овој пат вработените од “подароците” останаа разочарани и ускратени од основните потребни делови од полициската униформа.
Да биде реалноста по сурова ,а воедно да се тестира физичката и психичка издржливост на полициските службеници, МВР па некој ден пред месец Декември “максимално” се вложи себе си да набави и подели само една летна кошула, една поло мајца , еден пар летни чевли и полу гојзерка


Ваквата одлука најверојатно е донесена од “некој си” кој седи во канцеларии од реновираните “фарбани” објекти со новите прозорци, а воедно каде се поставени селективно и одреден број на клима уреди, па топлината го удрила во глава, а истиот е “возбуден” во исчекување на пристигнување на шлеперите со ананас ,банани и мандарини.

ЗА ЖАЛ ниту трага ни глас каде заглавија зимските јакни , зимските панталони, џемпери, пододела, подкошули…… и јасно зимските чизми.
Најверојатно ваквото шокантно изненадување ,на вработените се очекува како нов МЕГА проект да им се приреди во летните месеци за кинеската нова година најверојатно после десетина години…..
Се поставува прашање :
Дали и оваа зима кој не добил зимска јакна ,зимски чизми,ќе се тресе во ладните денови и ноќи
Дали и оваа зима полицаецот ќе гази снег со летните чевли и крши нозе и раце од несоодветниот материјал од кој се направени или пак можеби доколку се затекне на работното место облечен со лична подкошула и ѕивра ќе биде казнет
Или пак нема ако се облече од дадената летна поло маица
За стандардите на крој и материјалите од кои треба да биде сочинета полициската униформа и да не зборуваме
за жал истата се повеќе наликува на роба од кинеските пазари, три за сто денари, а можеби и четири!
Ова ПОНИЖУВАЊЕ на полицискиот службеник МОРА ДА ПРЕСТАНЕ, МОРА


Нека е на здравје ЕФИКАСНА и ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА која постои само во главата на Министерот Oliver Spasovski и на тие неколку негови во неговиот Кабинет.

