МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

СПМ: Полицијата е свето нешто, нема да дозволиме како Синдикат двојни аршини!

“Нападната полицијата пред институциите!

Повредени полицајци!

Демонстрација и вандализам!

Насилство!”

Реторики кои ги користи нашиот омилен Министер во јавност, како реакција на настаните во последните 72 часа. Ова за нас како Синдикат отвара неколку прашања до него, а секако и до едно привезоче негово, кој можеби и веруваме дека е и далеку повеќе одговорен!!!

  1. Дали нападите и повредите од 5-ти Јули се позначајни и со поголема тежина од напади и повреди на полицајците кои се случиле до сега? Секојдневно се известува за нападнати полицајци, повредени полицајци, па дури и со опасни орудија и огнено оружје, но досега сме немале реакција од било каков вид од Министерот?! Дали ова значи дека тоа треба да го прифатиме како реалност и двоен, троен аршин на министерот по оваа проблематика или постои некаков правилник и скала, мерило за тежина на напад и повреди, за кој не знаеме???

– Тука ќе го повикаме и привезокот од ДООЕЛ МПС, Др Маце – каде е сега заштитата и здравјето при работа за полицајците??? Или не мислевте ни двајцата на ова кога ги одложивте тие одредби во вашиот “европски” колективен до 2025-та⁉️

  1. Зошто се уште во кордоните има полицајци без заштитна опрема и зошто редовниот состав нема барем исправна заштитна опрема, во најмала рака, слична на опремата на ПЕП, ЕБР?

Или тие полицајци се “обични” па не мора за нив да има?! Министер, сите полицајци се луѓе кои треба здрави и живи да си одат дома после смена. Ги разликува само обуката, но сите ги имаат истите права на заштита на животот и здравјето. Не смее да се дозволи ваков биланс на повредени. Многу од нас биле во исти и слични ситуации и затоа најодговорно тврдиме дека повредите настапиле заради неисправна опрема, неправилна координација со полицаецот на терен од страна на одговорните – вашите поставени кадри!!! Бидејќи не постои свесен и нормален полицаец кој своеволно би се изложил на повреди.

– Док Маце, за тоа ли подели плакета или беше што беше, за посебни заслуги или унапредување на работата? Е па супер унапредување и заслуга, за два вода повредени полицајци! Да ги носите на совест заедно со тој што ја прими Пофалницата!

  1. Дали Министер, ви е мирна совеста за тоа што за околу 15.000 денари основна плата ги изложувате полицајците на вакви ризични задачи? Ризикот е секојдневие на полицаецот и тоа доброволно го прифаќа со својата заклетва. Но да се искористува тоа на ваков начин е НЕДОЗВОЛИВО! Па нека бидат тоа и Вашите 26.000 “бруто минимална плата”, дали навистина не ви тежи на совест за тие пари да има вакви резултати???

– Др Маце, како сега ќе се исплаќаат прекувремените часови над 32? Со слободни денови, како што предвидовте во КД? Ти лично ќе им кажеш на повредените или ќе пратиш некој твој полтрон да му пренесе? Или можеби ќе измислите некоја награда за добро завршена работа која ќе ја исплатите преќутно на неколку сметки, за да нема незадоволство??? Жив срам и голема штета сте – СИ!

  1. Дали сте свесни Министер и дека, доколку има потреба да ангажирате поголема бројка, од редовен состав кој не се дел од специјалните единици, нема да имате способен кадар за вакви задачи? Скоро секој полицаец кој почнал со работа во МВР во последните 7 години, нема соодветна обука за вакви задачи, не знаат што е штит, што е кордон а уште помалку кои и какви се задачите. Тоа се должи на вашата негрижа за образовниот процес, обуката, начинот и содржината на обуката и селекцијата на кадрите и кандидати!!!

– Маце, по ова прашање ти веќе одговори вчера кога се сликаше во Бугарија, “на посета”, дури не покажа доблест нити да излажеш дека нешто конструктивно работиш. Те заболе тебе за нас… за жал.

Има уште многу што да го прашаме Министерот, а особено привезокот, но доволно ќе биде да одговори на овие прашања. Очигледно е дека постои поделба на вредноста на полицајците, нас како Синдикат не ни е јасно по кои основи бидејќи тоа не смее да постои ни како замисла во МВР. До кога ќе викаме Демократија, а ќе работиме како во среден век? До кога за 5 пари ќе ризикуваме живот и здравје?

Г-дине Министер за внатрешни работи, обрнете внимание на полицаецот, должни сме да ви укажеме на големиот револт кај колегите затоа што ги занемаривте нивните права, нивните животи, нивните семејства, со лагите кои Ви ги пласираат вашите луѓе од доверба и тој привезокот, секојдневно се прави огромна штета на вработените. Тој револт расне се повеќе од ден на ден, а деновиве и вие станувате свесни за таквите состојби. Не дозволувајте да паднеме уште повеќе бидејќи дното го достигнавме одамна.

Заштитете ги полицајците! Испочитувајте ја нивната работа и зголемете ја вредноста на бодот на 1 евро и тоа веднаш!

Набавете соодветна, нова и исправна опрема за заштита!

Покажете достоинство, интегритет, одговорност и колегијалност! А не само да го барате тоа од полицајците!

На ваков начин не одиме подалеку од нашиот двор, а камоли понатаму!!!

На повредените наши колеги им посакуваме побрзо закрепнување, Вас колеги да се чувате во овој период за кои за жал сте оставени на “милост и немилост” од страна на нашиот работодавач.

Господ да не и да Ве чува.

линк:

https://www.facebook.com/527157524133835/posts/pfbid0QHo5MZ6JSJ8UUki5CdjS4dCgCRGyx8Yts5brc1eWEBFaxyu3Ygzbkd39cdgN1w62l/