ССНМ доби поддршка од Европската Федерација на новинари за кампањата за неказнивост на нападите врз медиумските работници
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници – ССНМ доби поддршка од Европската Федерација на новинари за кампањата за прекин на неказнивоста на нападите врз новинарите и медиумските работници, напишаа од ССНМ на нивната фејсбук страна.
„Законските измени според кои нападите врз новинари и медиумски работници ќе се смета како напад врз служебно лице да бидат приоритет на Собранието“, велат од ССНМ.

