Стручно усовршување на вработените во јавна установа за социјална заштита
Стручно усовршување на вработените во јавна установа за социјална заштита
Вработените во јавна установа за социјална заштита како даватели на јавни услуги, имаат право на стручно усовршување,
за што директорот донесува план за континуиран професионален развој во согласност со програмата за континуирана едукација на стручните лица, изготвена од Заводот за социјални дејности.
Установите за социјална заштита воспоставуваат систем за управување со ефектот на давателите на јавни услуги и истиот го сочинуваат: утврдување на работните цели и задачи, утврдување на индивидуалниот план за стручно усовршување, како и постапка за оценување на ефекот на давателот на јавни услуги.
На вработениот од групата на даватели на јавни услуги во социјална заштита, работните задачи и цели му се утврдуваат врз основа на годишната програма за работа на јавната установа за социјална заштита. Работните цели и задачи на давателите на јавни услуги треба да бидат јасни, прецизни, мерливи и со утврдена временска рамка за извршување, тие се утврдуваат од страна на координатор на оддел, а во случај кога нема непосредно претпоставен раководител, од директорот на јавната установа за социјална заштита во соработка со давателот на јавни услуги на крајот на постапката на оценување
на работните достигнувања, во декември во тековната година за наредната.
Тимот на Јуридика

