МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Одложен штрајкот на вработените во матично – Договорено е зголемување на платите, дневници во недела и К-15

Постигнат е договор меѓу Министерството за правда и Управата за матични книги со што штрајкот на вработените се одложува.

Договорено е зголемување на платата за 30 проценти. Ќе се плаќа и во недела кога има свадби и К-15. Протестот кој беше закажан за денеска во 15 часот пред парламентот е одложен.

„Постигнавме договор за колективните договори и до утре ќе биде испратен до Министерството за финансии. Протестот кој беше закажан во 15:00 часот ќе биде одложен за следната недела но ќе почекаме одговор Министерството за финансии.

Се договоривме за зголемување од 30 проценти како и за исплатата на К-15. Овој месец ја достигнуваме минималната плата. Штрајкот и натаму трае, само што протестот е одложен“, велат од синдикатот.