МакедонијаПравдаСветот на работникот

Филипче: Медицинските работници се на првата линија во битката против вирусот, да оддадеме почит кон нивната работа

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил посочува дека со жалење ја примил веста за тоа дека уште еден медицински работник ја изгубил битката со ковид-19.

„Изразувам длабоко сочувство до семејството и колегите во болницата. Медицинските работници се на првата линија во битката со вирусот, ставајќи го сопственото здравје и живот, здравјето и животот на своите семејства во голем ризик. Да дадеме поддршка и да оддадеме почит кон нивната работа. Да ги почитуваме мерките за заштита бидејќи така се штитиме и себе и здравствените работници“, пишува Филипче.