Што претставува Договорот за вработување?
Фејсбук статус на Конфедерацијата на слободни синдикати:
Договорот за вработување претставува правен основ за засновање работен однос. Тој е формален договор што се склучува во писмена форма. Се чува во работните простории во седиштето на работодавачот и примерок од него му се врачува на работникот на денот на потпишувањето.
Договорот за вработување во себе ги содржи заемните права, обврски и одговорности на двете договорни страни.
Содржината на договорот за вработување е утврдена во Законот за работните односи. Помеѓу останатите одредби, договорот за вработување треба да содржи и одредби за:
– називот на работното место (со краток опис на работата што ќе ја врши работникот според договорот за вработување);
– времето на траење на работниот однос (датум на склучување на договорот);
– местото на вршење на работата;
– дневното или неделното редовно работно време и распоредувањето на работното време;
– дневната пауза и годишниот одмор, односно начинот за определување на годишниот одмор.
– висината на основната плата (која се изразува во паричен износ што му припаѓа на работникот за вршење на работата според закон, колективен договор и договор за вработување);
– другите надоместоци што му припаѓаат на работникот за вршење на работата според закон и колективен договор;
Извор: ФБ на КСС

