Јорданов: На власта не и е грижа за работниците, таа води сметка само за олигарсите
Пратеникот од редовите на ВМРО – ДПМНЕ е разочаран откако вчера парламентарното мнозинство не го прифатило опозицискиот амандман, со кој на работниците од текстилниот и кожарскиот сектор, според него, ќе им се обезбедела социјална помош по тешката пандемиска година, пренесува ТВ Стар.
„На овој начин се исклучува можноста на овие наши сограѓани да им се даде финансиска поддршка директно на нивните сметки, но исто така се исклучува можноста сите работници во текстилната и кожарската индустрија коишто се останати без работа, да добијат платено болничко лекување и здравствено осигурување и покрај тоа што не се во работен однос“, изјави Јорданов.
Тој смета дека со ова власта потврдила дека не и е грижа за вработените во текстилната и кожарската индустрија, туку дека едниствено водат сметка за нивните финансиери, а според него, тоа се нивните поддржувачи олигарсите.

