ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

„Ако сакаш голема плата, биди Главен извршен директор“ – ТОП 20 работни позиции со највисоки плати

   Време за читање 2 минути

Ако си Главен извршен директор ќе земаш плата од 130,526 денари, а Директор на кол центар – 63,858 денари. Според листата на плати на онлајн калулаторот за плати „Моја плата“ толку изнесуваат платите во топ 20 најплатени работни позиции во Македонија.

На листата која можете да ја погледнете подолу, се наоѓаат позиции коишто се на самиот врв од пирамидата во една компанија. На крајот на краевите, логично е работна позиција која носи и најголеми одговорности да биде најмногу платена.

Интересно е што на листата се наоѓа само една работна позиција од јавниот сектор, а тоа се судиите. Најголемиот дел од најплатените позиции потекнуваат од ИТ секторот.

Инаку, ова се проценки за тоа колку изнесува месечната плата на дадената работна позиција.

1. Главен извршен директор Топ Менаџмент – 130.526 MKD

2. Регионален Менаџер / Директор Топ Менаџмент – 102.562 MKD

3. Извршен директор Топ Менаџмент – 81.462 MKD
4. IT Architect Информациски Технологии – 80.117 MKD
5. Директор за лизинг Лизинг – 79.926 MKD
6. ИТ Директор Топ Менаџмент – 78.453 MKD
7. Пилот Транспорт, Логистика – 73.613 MKD
8. Технички менаџер Технологија, Развој – 73.005 MKD
9. Директор за продажба Топ Менаџмент – 72.697 MKD
10. Контролор за воздушен сообраќај Транспорт, Логистика – 72.479 MKD
11. Java Programmer Информациски Технологии – 71.930 MKD
12. ИТ Менаџер Менаџмент – 69.798 MKD
13. Судија Право и Законодавство – 68.665 MKD
14. Software Engineer Информациски Технологии – 68.069 MKD
15. Маркетинг директор Топ Менаџмент – 67.438 MKD
16. Инженер DevOps Информациски Технологии – 67.121 MKD
17. Технички директор Топ Менаџмент – 65.826 MKD
18. Директор за логистика Топ Менаџмент – 65.066 MKD
19. Руби програмер / програмер Информациски Технологии – 64.993 MKD
20. Директор на кол центар Топ Менаџмент – 63.858 MKD
Photo by Hunters Race on Unsplash

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и главен и одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk.