Ангелоски на „Дубаи Експо“: Произведуваме врвни производи, привлекувањето на странски инвестиции високо на агендата
Во нашата земја има домашните претпријатија кои произведуваат производи по светски стандарди со највисок квалитет, а долгата традиција на инженерство како и поволностите кои ги нуди законската регулатива овозможуваат услови за привлекување на странски директни инвестиции, истакна претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски на Бизнис форумот кој денеска се одржа во рамките на „Дубаи Експо“. Ангелоски присуствува на оваа престижна саемска манифестација како дел од владината делегација.
„Нашата земја беше една од првите во регионот која почна интензивно и сериозно да работи на привлекување на странски директни инвестиции и таа активност се развиваше во повеќе фази. Странските инвеститори веќе ги вклучуваат во своите синџирите на снабдување и домашните мали и средни претпријатија што е важно за развој на домашната економија, но и практично за нив бидејќи секогаш е полесно да се набавува на локалниот пазар отколку подалеку. Денеска сме во многу пософистицирана фаза од привлекување на странски инвестиции, имаме нова законска регулатива за привлекување на странски инвестиции и за поддршка на инвестициите на домашните компании. Исто така имаме долга историја на инженерство и добра соработуваме со научната јавност и универзитетите, што е важно за новите инвестиции и за развојот на иновациите“, истакна Ангелоски во своето обраќање на Бизнис форумот.
Ангелоски вчера присуствуваше и на официјалната церемонија за одбележување на денот на Република Северна Македонија на саемот, а оствари и средби со претставници на најголемите локални стопански комори.
Обединетите Арапски Емирати имаат една од најбрзо растечките економии, а „Дубаи Експо“ е една од најпрестижна саемска манифестација во светот. Сојузот на стопански комори има традиционална соработка со коморите од овој регион и се залага за продлабочување на истата во повеќе сектори меѓу кои, туризам, финансии, трговија и земјоделство.
- Боинг укинува 17.000 работни места и ја одложува испораката на 777X - 13/10/2024
- Неделков: Колективните договори ќе се потпишат најдоцна до 20 февруари, платите кумулативно ќе се зголемат за околу 50 % - 12/10/2024
- Мицкоски: Платите на наставниците и професорите се зголемуваат за 5 проценти со октомвриската плата, до крајот на мандатот ќе пораснат за 46 проценти - 12/10/2024