БИЛО ДА СТЕ ШЕФ ИЛИ САМО КОЛЕГА, ОВА СЕ 5 РАБОТИ КОИ НИКОГАШ НЕ СМЕЕТЕ ДА МУ ГИ КАЖЕТЕ НА НОВИОТ КОЛЕГА ВО ФИРМАТА
Подготвил: Бобан Илијевски
Кога примате нова личност во тимот, тоа може да биде осетливо време: ѝ формирате на таа личност впечатоци кои понекогаш ќе бидат долгорочни, а она што ќе се случи во текот на првите недели ќе одреди како таа личност ќе гледа на компанијата во иднина.
„Сега сме пренатрупани и никој нема да може да те обучи, па сам најди некоја работа. Еве ти некој прирачник, прочитај го.“
Новите вработени вообичаено се возбудени и одвај чекаат да започнат со работа. Кога ќе откријат дека некое време само ќе седат и чекаат, ќе им потонат сите бродови пред да успеете да изговорите „видео за обука на нови вработени“.
Ако сакате новите членови на тимот на останат полни со ентузијазам и возбуда, морате да им покажете колку сте и вие возбудени што ги имате во тимот, па затоа треба да се потрудите да им дадете работа. (Исто во оваа категорија: „Не знам точно кога ќе ти стигне компјутерот“.
„Чувај се од заменикот на директорот – со него не е лесно.“
Предупредувањето на новиот вработен дека има тежок претпоставен во компанијата, се чини како добро дело. Но на тој начин го труете нивниот однос однапред, уште пред да започне. Секако, на новиот колега можете да му дадете корисен совет (на пример „Таа сака кратки мејлови и не сака никој да ја прекинува во текот на денот.“), но немојте негативно да ги карактеризирате другите, туку пуштете го новиот вработен сам да ги процени.
„Ние сега одиме сите на ручек и се враќаме за еден час.“
Доделите му задача на некој од тимот првиот ден да руча заедно со новиот вработен – или барем да го извести кои опции му се достапни. И дефинитвно немојте да го напуштите ако целиот оддел или компанија оди заедно на ручек.
„Навистина требаше да вработиме жена, мило ми е што те пронајдовме тебе.“
Немојте вашата нова вработена да започне да се чувствува како да е вработена поради политичка коректност, или полот да ви е поважен од способностите.
„Имаме иницијација за нови.“
Можеби испраќањето на новиот вработен во непостоечка канцеларија по материјал е ваш веќе воспставен ритуал, но вашите иницијациски традиции можат да бидат поопасни отколку што мислите.
Прашајте се дали новиот вработен тоа ќе го доживее како добредојде или само како непријатност. Не барајте од нив да ви пеат песни (некои фирми го прават тоа!), да го споделат со вас нивниот најнепријатен момент (има и тоа!), или на друг начин да ги изложувате и правите ранливи пред група непознати луѓе.
Извор: Stratego/manager.ba