- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

(ВИДЕО) КСС: На утрешниот протест ќе кажеме – „Доста е, претеравте!“

205views

Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС Благоја Ралповски на денешната прес – конференција по повод утрешниот протест истакна дека социјалниот дијалог воопшто не постои во државата, поради и што ќе се одржи утрешниот предупредувачки протест.

Протестот ќе започне од Бул. Гоце Делчев спроти МРТ и се упатуваме кон Собранието, а потоа продолжува и завршува пред Влада.

Advertisement

Тој посочи дека КСС добила поддршка од Меѓународната конфедерација на синдикати – ИТУК, Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија  – УНАСМ, граѓански организации, како Здружението на текстилни работници „Гласен Текстилец, како о од политичката партија Левица, од каде најавија дека членови од Трудовиот сектор ќе учествуваат на утрешниот протест.

Ралповски рече и дека за проблемите со кои се соочуваат македонските работници известени се сите релевантни меѓународни инситуции и амбасади.

Advertisement
Advertisement

Повеќе во видеото: 

 

Бобан Илијевски

 

Advertisement