Ковачевски: Граѓаните треба да научат да штедат, струја има доволно
Има доволно струја, ЕСМ произведува доволно количини за домаќинствата, но граѓаните мора повнимателно да го користат овој ресурс и да ја штедат струјата особено во услови кога во земјава и надвор има проблем со снабдувањето – вели превиот човек на ЕСМ, Васко Ковачевски. Според него дополнителна неизвесност во овој сектор создава руско-украинската криза.

