Видови права на парична помош од социјална заштита
Видови права на парична помош од социјална заштита
Законот за социјална заштита предвидува разични видови на парични надоместоци за различни категории на граѓани. Па така права на парична помош од социјална заштита се:
1. гарантирана минимална помош;
2. надоместок заради попреченост;
3. надоместок за помош и нега од друго лице;
4. надоместок на плата за скратено работно време;
5. додаток за домување;
6. траен надоместок и
7. еднократна парична помош. На пример право на гарантирана минимална помош има домаќинство кое е материјално необезбедено и нема во сопственост имот и имотни права од кои може да се издржува. За материјално необезбедено се смета она домаќинство чија вкупна просечна висина на сите приходи на сите членови на домаќинството по сите основи во последните три месеци пред поднесување на барањето за остварување на правото и во текот на користењето на правото е пониска од висината на утврдената гарантираната минимална помош, согласно Законот за социјална заштита.
Надоместок заради попреченост се обезбедува за поттикнување социјална вклучување и еднакви можности на лице кое е: – со тешка или длабока интелектуална попреченост, – со најтешка телесна попреченост, – потполно слепо лице и – потполно глуво лице.
Додека пак право на надоместок за помош и нега од друго лице има лице со навршени 26 години возраст, со умерена, тешка или длабока интелектуална попреченост, лице со потешка и најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице, како и лице со трајни промени во здравствената состојба, на кое му е неопходна помош и нега од друго лице заради тоа што не може само да ги врши основните активности од секојдневниот живот доколку ова право не може да го оствари врз основа на други прописи.
Тимот на Јуридика
фото: socialprotection org

