Интервјуа

Генерациите над 40 години се плашат да ја променат кариерата поради неизвесност – Младите не прават компромиси|Интервју

Новинар: Бобан Илијевски

Последното интервју за 2023 година го заокржуваме со Катерина Златановска – Попова, Советник за развој на кариера и тренер за меки вештини. Со неа разговаравме на повеќе прашања од областа на кариерата. Давајќи го својот одговор на едно од нив, Златановска – Попова ќе рече:

Многу е важно да спомнам, затоа што ние повозрасните генерации тоа го забележуваме кај младите; често им префрламе дека се неодлучни, дека не знаат што сакаат, дека се нелојални… но напротив, низ нивната перспектива и низ нивните очи, тие тоа го гледаат како можност да ги извлечат сите нивни потенцијали и да ги дадат онаму каде што тоа вреди и заслужува,

истакна Златановска – Попова.

Во текот на интервјуто зборувавме и за постарите лица, оние над 50 години, кои се невработени, а кои бараат вработување. Соговорничката даде повеќе размислувања околу тоа што треба да направат овие лица за да бидат вработливи.

[ai_playlist id=”286738″]

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk