КолумниНовости

Ги оговарате колегите кои ви помагале кај шефот? Нема со добро да ви се врати

   Време за читање 1 минута

Автор: Бобан Илијевски 

Никогаш, ама никогаш не е добро да им вртиш грб на колегите кои те ценат и се обидуваат да ти помогнат кога и да ти треба помош. Од клучна важност е да бидеш тимски играч, а понекогаш и да преземеш одговорност за тимот. Не велам дека треба постојано за се да бидеш виновен, но во дадени моменти треба да му влеташ во помош на тимот.

За жал, кај нас сѐ уште постои оној менталитет на ‘улизување’ и ‘упикување’ на шефот преку оговарање, креирање на лажна слика во неговата глава за колегите, обидувајќи се на тој начин да му се укаже колкава е лојалноста кон него и компанијата. Со ова се создава слика дека само таквите можат да просперираат. Ако се гледаат работите на тој начин, тогаш вработените кои не ги прават овие работи не се лојални? Се разбира дека се. Постојат повеќе начини преку кои може да се искаже лојалност, а еден од најочигледните е да се вложува максимално труд и да се покажува самоиницијативност.

Оние кои преку упикување и улизување сакаат да покажат лојалност треба да бидат свесни за едно многу важно нешто: кога – тогаш ќе им затреба помош од колегите кои ги оговарале кај шефот, но тогаш тие колеги ќе имаат легитимно право да не им помогнат и да ги остават самите да се снаоѓаат. Таквите… и тоа како го заслужуваат тоа.

Бобан М. Илијевски

Новинар за работни односи, човечки ресурси и кариера