ПравдаСветот на работникот

Дали Македонија ќе остане без машиновозачи? Повикуваат да им биде даден колективен отказ

Ги повикуваме Владата и Менаџерскиот тим на Железници да ни дадат колективен отказ. За основна плата од 23,000 денари којашто ја земаме тука, можеме да работиме и на друго место, изјави Тони Димовски, Претседател на Синдикатот на машиновозачи за порталот Работник.

— Аудио верзијата е на крајот на текстот–

Оваа изјава доаѓа откако до нив стигнал списокот со 12 нивни колеги кои ќе бидат први суспендирани поради бојкотот кој започна на 26 август како последица на неисплатениот втор дел од платата за месец јули.

Димовски рече дека тие ќе останат во седиштето на Желзници цела вечер, додавајќи дека очекуваат да добијат поддршка и од своите колеги од Инфраструктура.

Вчера преку соопштение од Железници истакнаа дека бојкотот е незаконски и дека не е организиран согласно Законот за работни односи и Колективниот договор. Претходно, од Владата на раководството на Железници им порачале дека треба да бидат поостри со вработените, по што била донесена одлука оној кој трипати ќе одбие работа, да биде суспендиран или отпуштен.

Аудио верзија:

 [ai_playlist id=”284118″]

Прочитајте повеќе

Машиновозачите демантираат: Основната плата ни е 23.000, а не 60.000 денари

 

 

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk