НовостиСветот на работникот

Дали шефовите ја повратија моќта во 2023 година? Еве што покажуваат податоците и што ги чека вработените

   Време за читање 2 минути

Откако настапи пандемијата пред речиси четири години (ако гледаме глобално), настана и општ хаос и колапс во целиот свет. Пазарот на труд се соочи со посебни предизвици. Работата од дома беше воведена како норма во бројни компании, а со неа дојде и одредена доза на флексибилност од која вработените сега не сакаат да се откажат.

Враќање на работниците во канцелариите, воведување на хибриден модел на работа или дозволување да продолжат да работат од дома – се прашањата со кои се соочуваат компаниите. Многу од нив се построги по ова прашање од другите.

Исто така, општите ставови и медиумските статии не‘ наведуваат да се запрашаме: Што, всушност, е вистина? Дали канцелариите пополека изумираат или повторно ќе оживеат во полн сјај.

Ако му се верува на BBC, изгледа дека повеќегодишната борба помеѓу работодавачите и вработените, сепак, е завршена – и тоа во корист на првите. Меѓутоа, се потсетува дека работниците уште на почетокот на пандемијата „имале предност“ пред шефовите, во главно бидејќи околностите им ја олеснувале работата од дома, но и поради тврдоглавоста, односно одбивањето да се вратат назад во канцеларија.

Сепак, оваа година беше пресечна, бидејќи шефовите за прв пат во четири години го имаат главниот збор кога се работи за конкретните прашања. Секако, тоа не значи дека флексибилноста на работниците е „убиена“, но поголемиот дел од нив ќе мораат да се вратат во канцелариите.

Поточно, според ставот на експертите, иднината на хибридниот модел на работа, во главно, ќе зависи од волјата на работодавачите.

На прагот на 2024 година, јасно е дека шефовите во огромен дел ја вратиле својата моќ, сепак – таа не е апсолутна. На пример, доста работни места овозможуваат и изискуваат флексибилност, заради што е потребно да се најде компромис.

Има и искллучоци, односно индустрии каде вработените ќе продолжат да го „имаат главниот збор“ во однос на работодавачите, како што е случај со моментално најбараните работни места – на пр., оние поврзани со развојот на вештачката интелигенција.

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Shutterstock