Занимливости

Депресивните лица поинаку ги гледаат боите, среќата може да се купи со пари – Шест помалку познати занимливости за човековата психа

105views

Психолозите упорно го проучуваат човековиот мозок и начинот на кој тој функционира, меѓутоа постојат неколку работи кои се помалку познати.

Луѓето со висок коефициент на интелигенција немаат голем број на пријатели

Едно неодамешно истражување покажува дека луѓето кои имаат висок коефициент на интелигенција немаат потреба од многу пријатели бидејќи нивниот мозок е зафатен со решавање на сериозни проблеми, а пречестата комуникација ја сметаат за губење на времето.

Меѓутоа, психолозите не го одобруваат таквиот начин на живот и ги форсираат луѓето кои се изолираат, почесто да се дружат со што повеќе различни личности бидејќи тоа помага во развојот на мозокот и го подобрува расположението.

Депресивните луѓе ги перцепираат боите на поинаков начин

Луѓето кои патат од депресија често говорат дека животот ги изгубил сите бои, а таа изјава има и медицинска потврда.

Мозокот на лицата кои се во депресија станува почувствителен на бои, поради што тие полошо ги распознаваат нијансите и интензитетот на боите.

Оние кои се фалат дека ќе направат многу, на крајот не прават ништо

Едноставно е – доколку сакате да направите нешто големо или ново, не ги кажувајте вашите планови на никому.

Сите оние кои трошат голем дел од времето фалејќи се со работите кои ќе ги направат, на крајот не прават ништо од она што го зборувале, додека луѓето кои работат “во тишина” постигнуваат многу повеќе.

Размислувањето на странски јазик помага во донесување на важни одлуки

Неколку нови истражувања покажуваат дека за да донесете некоја голема и важна одлука, мора да размислувате на странски јазик бидејќи со тоа ќе го активирате рационалниот дел од мозокот.

Тоа ќе ви помогне појасно да ја разгледате ситуацијата, а со самото тоа и полесно да ја решите.

Младите почесто патат од депресија за разлика од постарите

Едно истражување спроведено во различни делови од светот покажува дека луѓето кои имаат помалку од 30 години поднесуваат многу повеќе стрес и патат од анксиозност и депресија.

Среќата може да се купи со пари

Психолозите кои тврделе дека среќата е нешто што нема цена, не го мислеле тоа буквално.

Чувството на среќа можете да го “купите” тогаш кога парите кои сте ги планирале да ги потрошите на себеси, ќе ги потрошите на некој од вашето семејство или на блиските пријатели. Кога развеселуваме некој друг, ние се развеселуваме и себеси, a со тоа ја подобруваме својата самодоверба и стануваме посреќни.