НовостиСветот на работникот

Дизни отпушта шест проценти од вработените

   Време за читање 1 минута

Компанијата Волт Дизни планира да отпушти шест проценти од вработените во групацијата Еј-Би-Си њуз и Дизни ентертејмент нетврокс.

Емисиите на мрежата Еј-Би-Си – „20/20“ и „Ноќна линија“ (Nightline) ќе се спојат, а политичкиот и информативен портал „538“ кој вработува 15 луѓе ќе биде укинат, пренесува Ројтерс.

Покрај тоа, се очекува и намалување на продукцискиот тим на популарната телевизикса емисија „Добро утро Америка“, додаваат изворите.

Исто така и Дизни ентертејмент нетворкс ќе отпушти вработени, конкретно во одделението за правење на програми и распоред, наведува WSJ.

Во кварталот од октомври до декемвери Дизни пријавил раст на прилагодените заработки по акција за 44 % меѓугодишно на 1,76 долари.

Оперативниот приход во одделението на Дизни ентертејмент нетворкс, кое опфаќа филм, телевизија и стриминг, во истиот период е удвоен на 1,7 милијарди долари поради добрите резултати на кино хитот на Дизни „Моана 2“.

Извор: b92.net

Фото: EPA-EFE/ADAM S DAVIS