ЕкономијаНовостиСвет

ДОБРИ ВЕСТИ ЗА САД: Отворени 254.000 нови работни места во септември

   Време за читање помалку од минута

Во септември во САД се отворени 254.000 нови работни места, што е многу над очекувањата на економистите кои прогнозираа нови 140.000 работни места, објави денеска американското биро за статистика на трудот.

Најбрз раст на вработеноста е забележан во услужниот сектор, особено во здравството, за 71.700, како и во индустријата за забава и угостителство, за 78.000, се додава во извештајот.

Во септември во американскиот услужен сектор беа отворени вкупно 202.000 нови работни места.

Економијата расте и постои голема веројатност дека високата инфлација во САД ќе биде контролирана без да падне во рецесија, изјави економистот и професор на Бостонскиот колеџ Брајан Бетун.

Извор: denar.mk