Дурмиши: Минималната плата ќе се утврди до крајот на месецот
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, изјави дека до финишот на овој месец треба да бидат завршени калкулациите и да се дефинира износот на минималната плата. Во таа насока, веќе е конституирана Комисијата за утврдување на репрезентативноста на синдикатите, која минатата недела беше одобрена на владина седница.
“Тие почнаа да работат за да одберат кој синдикат исполнува услови за да биде репрезентативен.”
По верификацијата на репрезентативноста, Дурмиши најави дека веднаш ќе го свика Економско социјалниот совет, на кој минималната плата ќе биде поставена како главна точка на дискусија.
Во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата, Дурмиши рече: “Доколку работодавачите и синдикатите се договорат за друг начин на утврдување или друга вредност на минималната плата ние ќе бидеме таму за да им помогнеме на двете страни.”
Тој потенцираше дека очекува Комисијата експресно да ја утврди репрезентативноста на синдикатите.
“Имаат многу работа затоа што треба да проверат многу документи, но таа комисија веќе е формирана и веќе работат на тоа.”
Дурмиши појасни: “Сепак, сега за сега согласно законот кој е во сила до крајот на месецов треба да се утврди вредноста на минималната плата и покрај тоа што имаме ситуација без репрезентативност на синдикатите.”
- КСС организира Првомајска конференција на тема: „Работничките права во време на промени: Заедно кон праведна транзиција и ефикасна администрација“ - 28/04/2025
- Германија исплаќа најмногу пензии во Хрватска – дури 84.393! - 28/04/2025
- Вработени во РТС поднесоа петиција до Парламентот: Да престанеме да жмиркаме и да не гледаме она што го гледаат сите - 28/04/2025