Интервјуа

Д-р Милошевски за Курир: Здравствените работници ја спасија државата

   Време за читање 1 минута

Во интерјву за „Курир“, докторот Митре Милошевски од Охрид вели дека со рестриктивните мерки се успеа да се издолжи кривата и истата да остане релативно права, без поголеми пикови и на тој начин да се распоредат и зачуваат силите на здравствениот систем за подолготрајна борба со корона вирусот.

Тој посочи дека додека не завшри пандемијата, не сака да шпекулира со броји и проценти на заразени, оздравени и починати, како резулатат на заразата од Ковид -19 и дека не е фер во крајна линија да се зборува за тоа во овој момент.

Милошевски истакна дека Владата има среќа што зад себе има ваков медицински персонал кој со сето срце и душа и со сето свое знаење се втурнал во борбата со оваа пандемија. Тој им се заблагодари на здравствените работници и рече дека тие ја спасиле државата во вистинската смисла на зборот.

Целосното интервју прочитајте го на курир.мк