НовостиСветот на работникот

Еве дали прескокнувањето на РУЧЕКОТ на работа влијае врз вашата продуктивност

   Време за читање 3 минути

Сите ја имаме слушнато изреката „појадокот е најважен оброк“ во денот, но многу експерти сметаат дека ручекот е најважен оброк, бидејќи го полни со “гориво” вашето тело, зголемувајќи ја вашата енергија и продуктивност. За жал, многумина од помладите вработени, од поновите генерации, не земаат пауза за ручек и тоа влијае на нивната ефикасност. 

Најдобриот момент во текот на денот, искрено, е ручекот. Добро, можеби тој е вториот најдобар момент, а првиот е крајот на работното време. Сепак, се повеќе стануваат поголеми изгледите ручекот да изумре.

EzCater, компанија која овозможува корпоративни решенија за храна, анкетирала 5,000 вработени за нивните паузи за ручек. Еве ги клучните наоди:

Ручекот ги прави (најголемиот) дел од луѓето среќни: 53 % од нив велат дека ручекот ги прави среќни, што е зголемување за 15 % во однос на минатата година, а 48 % велат дека доживеале помалку „согорување“ на работа почитувајќи ги паузите за ручек, што е зголемување за 26 % во однос на минатата година.

Во меѓувреме, 78 % од луѓето велат дека паузата за ручек им помага да ја подобрат својата ефикасност.

Но се‘ повеќе луѓе го прескокнуваат ручекот: 48 % од вработените велат дека барем еднаш неделно не прават пауза за ручек, додека бројот на оние кои целосно го прескокнуваат овој оброк пораснал од 10 на 14 %.

Околу 20 % велат дека тоа е затоа што имаат премногу состаноци (74 % од луѓето велат дека е непристојно да се јаде во текот на видео повиците), додека уште 22 % истакнуваат дека тоа е затоа што немаат доволно време. Повеќе од третина од работниците велат дека им се потребни помалку од 30 минути за пауза за ручек.

„Паузите за ручек ви помагаат да го прочитстите умот“, рекла претходно за CNBC Make it, шефицата на ezCater, Дајан Свинт и додаала дека било да работите од дома или во фабрика, морате да напрвите пауза за ручек и да ја проверите својата енергија.

Генерацијата Зи често го прескокнува ручекот

Генерацијата Зи најверојатно го сака – и го пресконува – ручекот: 42 % од работниците од генерацијата Зи велат дека ручекот им е омилениот дел од денот, во споредба со 26 % од бејби бумерите. Но додека само 30 % од бумерите го прескокнуваат ручекот барем еднаш неделно, 70 % од генерацијата Зи го прави истото. Покрај тоа, генерацијата Зи најверојатно е генерација која ќе зема пауза за ручек пократка од половина час.

„Тоа може да биде еднаш неделно или секој ден, но охрабрувањето на 30-минутен ручек ‘без состаноци’ за целата компанија (вклучувајќи ги и менаџерите) поставува тон дека вашата организација им дава приоритет на менталното здравје и физичката благосостојба на вработените“, напишале авторите на студијата.

Инфлацијата не влијае само на општеството, таа се вовлекува и во нашите работни места. Многу вработени сметаат дека канцелариските ручеци се прескапи, а припадниците на генерацијата Зи најмногу пари трошат на ручек. Според извештајот на ezCater, 67 % од работниците од генерацијата Зи во САД трошат најмалку 11 долари на ручек. Тоа би значело дека младите вработени би можеле да трошат и до 50 долари неделно, поради што многумина во потполност го прескокнуваат ручекот.

Извор: BIZLife

Фото: Unsplash

 

Бобан М. Илијевски

Новинар за работни односи, човечки ресурси и кариера